Јавен повик и програма за чествување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

31 јули 2021 | Јавни повици

Почитувани граѓани

Ве покануваме на 2 август, 2021 година, понеделник, со почеток во 18:00 часот на Мечкин Камен во Крушево на одбележување на државниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

Годинава чествуваме 118 години од Крушевската Република и повикот за слобода и правдини и 77 години од Првото заседание на АСНОМ кога беа удрени темелите на современата македонска држава.

Овој ден нека биде мотив да ги надминеме поделбите и сите да се сплотиме околу илинденските и АСНОМ-ски идеали.

На централната свеченост на Мечкин Камен сите заедно да уживаме во изведбите на Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, Ансамблот на албански народни ора и песни во Република Северна Македонија, Весна Ѓиновска-Илкова, Влатко Стефановски, воениот оркестар на Армијата, како и во зборот и пораките на илинденците пренесени од Никола Ристановски.

ПРОГРАМА

Централна прослава на

2 Aвгуст, Денот на РепубликатаИлинден

Мечкин Камен, Крушево

18:00 часот

Пристигнување на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски на Мечкин Камен во придружба на почесната стража на баталјонот за почести на Армијата;

Пристигнување на илинденската коњаница;

Положување свежо цвеќе на Мечкин Камен;

Официјални делегации:

  • Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски
  • Делегација на Собранието на Република Северна Македонија
  • Делегација на Владата на Република Северна Македонија
  • Делегација на Министерството за одбрана и Армијата
  • Делегација на Сојуз на борци од НОВ на Македонија

Положување свежо цвеќе на другите делегации;

Оперската првенка Весна Ѓиновска Илкова ја изведува химната на Република Северна Македонија;

Пригодна реч на Никола Ристановски со пораки за Илинден;

Настап на Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“;

Настап на Ансамблот на албански народни ора и песни во Република Северна Македонија;

Настап на Влатко Стефановски;

Настап на воениот оркестар на Армијата.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...