Претседателката Сиљановска-Давкова го прими директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски

5 февруари 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски.

Упатувајќи честитки до Цуцковски по повод неговиот избор за директор на овој реномиран меѓународен фестивал, таа изрази уверување дека со богатата музичка кариера и како првенец на Националната опера и балет ќе придонесе за унапредување на уметничко-естетските вредности и критериуми на „Охридско лето“.

Како традиционален покровител на оваа најстара музичко-сценска манифестација во земјава, претседателката Сиљановска-Давкова беше запознаена со подготовките и новитетите на претстојното 65. издание на „Охридско лето“, на коешто се очекува врвна уметничка програма со свежи, модерни и креативни содржини.

Таа укажа дека „Охридско лето“ со својот меѓународен карактер е додадена вредност на културната дипломатија и истакна дека и во иднина ќе продолжи да ги поддржува манифестациите, коишто преку промоција на културните и уметничките вредности ги зближуваат народите и ja јакнеат меѓусебната почит.

Соговорниците разменија мислења и за можностите и начините за натамошен развој на фестивалот, со цел остварување на уште повисоки дострели на меѓународната културна сцена и севкупно промовирање на земјава.

„Охридско лето“ претставува еден од најзначајните настани којшто со својата долгогодишна традиција, препознатливост, квалитет и углед ѝ ги доближува светските имиња на македонската публика, а истовремено придонесува за поквалитетна туристичка понуда на нашиот духовен и културен центар, Охрид.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 25 години СОС Детско село

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 25 години СОС Детско село

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, се обрати на одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и работата на СОС Детско село во Македонија, во Македонскиот народен театар во Скопје. Во обраќањето, таа ги потсети возрасните на...

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“

 Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставничките на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“, во состав: Ана Дукоска, Анета Механджијска и Славица Јанкова. На средбата се разговараше за претстојната...

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување (ин- витро) „До бебе по патот на ин - витро“, во состав Деспина Петровска, претседател и членови Наташа Ѓорѓиева Божинов и Марија...

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, која е во посета на земјава. Најпрво, Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност за растечкиот интерес и посветеност на Европската унија...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претставници на Националниот молитвен појадок, којшто е посветен на разбирањето, простувањето, помирувањето и заедништвото преку заедничка молитва. За првпат, во 1953 година, претседателот Ајзенхауер...