Претседателот Пендаровски го прими министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар

11 мај 2021 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар.

Двајцата соговорници изразија задоволство од севкупните билатерални односи, основани на заемна почит, пријателство и разбирање, притоа потврдувајќи ја подготвеноста за натамошно динамизирање на соработката меѓу двете држави во сите области од заемен интерес, со акцент на одбранбената сфера.

На средбата беше истакната важноста на Меморандумот за разбирање за техничка соработка меѓу Министерствата за одбрана и за внатрешни работи на Северна Македонија и Министерството за одбрана на Чешка, што денеска беше потпишан во Скопје. Во тој контекст беше нагласено дека размената на искуства и зајакнатата соработка помеѓу вооружените сили на двете држави, особено во рамките на Северноатлантската алијанса, е значаен придонес кон мирот, безбедноста и стабилноста на регионот и пошироко.

Претседателот Пендаровски и министерот Метнар разменија информации за актуелните состојби во двете држави, во однос на справувањето со последиците предизвикани од КОВИД-19. Претседателот Пендаровски ја потенцираше солидарноста помеѓу државите, како важен предуслов за успешно соочување со пандемијата. Во таа насока ја нагласи помошта и поддршката што Република Северна Македонија ја добива од Чешката Република.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението на новинари на Македонија, како и претставници на неколку меѓународни новинарски и медиумски организации. На средбата се разговараше за прашања поврзани со слободата на изразување и независноста...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Ангола во Република Северна Македонија со седиште во Будимпешта, Жозе Филипе. На церемонијата на предавање на...

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...