Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Чешка

26 јануари 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Чешката Република во Република Северна Македонија, Јарослав Лудва.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски истакна дека двете земји ги поврзува традиционално и искрено пријателство засновано на разновидна соработка, меѓусебно почитување и отворен пристап додавајќи дека со Чешка која е важен сојузник и партнер на Северна Македонија споделуваме заеднички европски вредности на меѓусебно разбирање и меѓусебна почит.

Истакнувајќи дека граѓаните на Република Северна Македонија високо ја ценат поддршката на Чешката Република за нашиот евро-интегративен процес, претседателот Пендаровски изрази уверување дека на истата може да сметаме и во иднина, особено за време на чешкото претседателство со Советот на Европската Унија во втората половина од оваа година.

„Во овој контекст, длабоко верувам дека натамошната блокада поставена од една од земјите членки на Унијата не е од ничиј интерес и убеден сум дека почетокот на пристапните преговори не само што ќе придонесе за натамошно стабилизирање на состојбите на Западниот Балкан, туку нам, како држава, ќе ни овозможи побрзо и поефикасно имплементирање на неопходните реформи, особено во оние сфери кои се критично важни за европската интеграција“, рече претседателот Пендаровски.

Чешкиот амбасадор нагласи дека билатералните односи и соработка се одлични, а Северна Македонија е ценет пријател и важен НАТО партнер додавајќи дека Чешката Република била, е и секогаш ќе биде истраен и силен поддржувач на амбициите на Северна Македонија да стане членка на ЕУ.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме агендата за проширување исто така и во рамките на претстојното чешко претседателство со ЕУ во втората половина на 2022 година, при што Западен Балкан ќе биде наш географски приоритет број еден. Подготвени сме да ви помогнеме и во вашите внатрешни реформи, споделувајќи ги на тој начин нашите искуства што ги стекнавме на нашиот сопствен европски пат“, истакна амбасадорот Лудва.

Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор на Чешката Република, Јарослав Лудва, му посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...