Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната германска амбасадорка, Петра Дрекслер

6 април 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Петра Дрекслер.

Посакувајќи и добредојде на амбасадорката Дрекслер, претседателот Пендаровски оцени дека двете држави ги поврзува традиционално и искрено пријателство, што е засновано на разновидна соработка, меѓусебно почитување и отворен пристап, а ваквата определба, како што рече претседателот, претставува уште еден мост во градењето на поцврсти пријателски односи меѓу нашите две земји.

„Како резултат на заедничките напори, нашата земја, денес, во Сојузна Република Германија, гледа голем пријател и искрен сојузник во процесот на остварување на нашите стратешки приоритети. Еден од тие стратешки приоритети, полноправното членство во НАТО, е веќе остварен, а нашите две држави се сојузнички држави и придонесуваат во остварувањето на клучната мисија на НАТО за гарантирање на безбедноста на евроатлантскиот простор во светло на тешките геополитички околности“, рече претседателот Пендаровски, оценувајќи дека за нас е особено значајно што Сојузна Република Германија демонстрира јасна подготвеност за поддршка на Република Северна Македонија на патот кон полноправното членство во Европската Унија.

„Го имав задоволството сојузниот претседател Франк Валтер-Штајнмајер да го пречекам во Скопје и при тоа лично да го запознаам со мојата земја и да го уверам дека ги вложуваме сите расположливи капацитети во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија. Истовремено, од Унијата очекуваме еднаква посветеност за интеграцијата на Северна Македонија и државите од регионот, што е клучен услов за целосно исполнување на идејата на европскиот проект“, рече претседателот Пендаровски.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, амбасадорката Дрекслер оцени дека нашиот билатерален однос е одличен и се протега многу подалеку од соработката на ниво на влади и тој го опфаќа ангажманот на политичките фондации и организациите на културните медијатори или на големата билатерална Стопанска комора, која е израз на опсежното присуство на германското стопанство во Северна Македонија и ја отсликува позицијата на Германија како најзначаен трговски партнер.

„Посетите на Сојузниот претседател, на Сојузниот канцелар и на Министерката за надворешни работи изминатите месеци се јасни знаци за тоа дека стоиме на страната на Вашата земја. Сојузната влада и понатаму ќе го придружува пристапниот процес кон ЕУ како доверлив партнер. Сакам да Ве уверам дека и за време на мојот мандат ќе ја вложам сета моја енергија за оваа задача. Свесни сме за компромисите кои ги изискуваше овој пат и се болни за многу луѓе во Северна Македонија и кои и понатаму се потребни за неопходната уставна промена. За консеквентноста, со која Вашата земја чекори по патот кон приемот во ЕУ, Ви се искажуваат, господине Претседателе, нашето признание и нашата длабока почит“, рече амбасадорката Дрекслер.

Претседателот Пендаровски на амбасадорката Дрекслер и посака успешно извршување на функцијата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...