Претседателот Пендаровски: Лидерството бара храброст, носење одлуки, но и преземање одговорност

19 мај 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на дебата на тема „Лидерство во политиката, бизнисот и спортот: дали има заеднички именител?“, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование и со поддршка од партнерската фондација „МК2025“.

Говорејќи за предизвиците од пандемијата на Ковид-19, претседателот Пендаровски потсети на периодот кога бевме единствена држава во Европа со распуштено Собрание и претседателскиот Кабинет беше единствена функционална институција. Во тие моменти, посочи, мора да се разговара со многу луѓе и да се донесе одлука.

„Брзоплетоста е круцијална грешка. Мора да разговараш со многу луѓе, да имаш храброст за носење одлука и преземање одговорност. Треба да се слушаат оние, коишто со аргументи најмногу те критикуваат“, рече претседателот Пендаровски, нагласувајќи дека од овој период има лекции кои мора да се научат. Во рамките на Претседателскиот центар за политичко образование направени се и неколку иницијативи за надминување на одредени проблеми во функционирање на системот.

„Ние имаме одлични закони во многу сфери, но слаба примена. Не е лидер човекот кој се води исклучиво од рејтинзите. Политичар кој се раководи од анкетите не е лидер. Со нетрпение го чекам денот кога младите нема да се грижат за тоа која политичка партија е на власт, или кој е Претседател на државата. Денот, кога системот едноставно беспрекорно ќе функционира, без разлика кој е на власт“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот посочи дека ги почитува лидерите за коишто зборуваат нивните дела, а не самите тие. На младите им порача своите одлуки да ги носат сами, и да не потпаѓаат под влијанието на скапо платените политички пропаганди.

Денешната дебата е дел од обуката за лидерство, бизнис и претприемништво насловена „Проект ЛИДЕР“, која „МК2025“ ја организира во соработка со школата „Ivey Business School“ од Канада, на годишно ниво.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид. Пред учесниците на годинешната Школа за политики, претседателот Пендаровски...

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...