Учество на претседателот Пендаровски на панел дебата „Општествените промени по Украина“ на Филозофскиот факултет во Скопје

14 јули 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на панел дебатата „Општествените промени по Украина“ која се одржа на Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Претседателот Пендаровски го поздрави организирањето на оваа дебата и се осврна на повеќе аспекти на руската инвазија врз Украина и за последиците врз македонското општество, нашиот регион и во евро-атлантскиот простор.

Претседателот говореше за безбедносните закани и предизвици на територијата на земјите-членки на НАТО Алијансата, импликациите на војната во Украина врз безбедноста и одбраната, влијанијата врз социо-демографските промени и економската безбедност, како и последиците врз психологијата на комуникациите, особено кај дигиталните медиуми и социјалните мрежи.

На воведната сесија на дебатата „Општествените промени по Украина“ која е прва панел дискусија од серијата на дебати „Академски видик“, покрај претседателот Пендаровски учествуваа и украинската амбасадорка Наталија Задорожњук и деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, додека настанот го модерираше професорот Марјан Ѓуровски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...