По повод чествувањето на државниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, делегации од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, положија цвеќе на спомениците во Скопје, Крушево, Пелинце и Смилево.
Во Скопје, делегација од Кабинетот на претседателот, предводена од генералниот секретар, Миле Бошњаковски, положи цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена-борец“, на споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија, на споменикот на жената-борец и на споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштад „Македонија“.
Во Крушево, делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот на хероите на месноста „Слива“ и на Мечкин Камен.
Во Пелинце, делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ.
Во Смилево, делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе на Могилата на Даме Груев, на споменикот на смилевските илинденци и на спомен-плочата на партизанскиот одред „Даме Груев“.