Делегации од Кабинетот на Претседателот присуствуваа на свеченото одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во Скопје, Пелинце и Смилево

2 август 2021 | Соопштенија

Делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска присуствуваа на свеченото одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во Скопје, Пелинце и Смилево.

Во Скопје, делегација од Кабинетот на Претседателот положи свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов – Ченто, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“ и на споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија.

Во рамки на чествувањето на Илинден – Денот на Републиката, во Пелинце делегација од Кабинетот на Претседателот положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ.

Делегација од Кабинетот на Претседателот денеска присуствуваше и на традиционалната илинденска прослава во спомен-паркот „Даме Груев“ во Смилево и положи свежо цвеќе на споменикот на Даме Груев, а во рамки на чествувањето свежо цвеќе беше положено и на Могилата на Даме Груев, на Споменикот на смилевските илинденци и на Спомен-плочата на партизанскиот одред „Даме Груев“.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...