Честитка од претседателот Пендаровски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

8 април 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите ‒ 8 Април, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.

Почитувани сограѓани,

Најсрдечно ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, еден од најзначајните датуми во ромската историја кога на Првиот ромски конгрес во 1971 година во Лондон,  ромските активисти од Европа го потврдиле ромското знаме, химна, јазик, култура и ромскиот идентитет на повеќе од 12 милиони Роми во Европа. Горди сме на  вашиот придонес во градењето на мултикултурниот мозаик на нашата заедничка татковина.

Драги сограѓани,

Пред нас претстои помалку од една деценија за спроведување на новата Стратегија за инклузија на Ромите во која наша заедничка задача е да создадеме инклузивно општество преку остварување на конкретни резултати во областа на образованието, вработувањето, домувањето, здравството, културата, борбата против дискриминацијата и намалувањето на сиромаштијата. Во овие кризни периоди од здравствен и економски аспект потребно е сите засегнати страни соодветно да ги искористиме капацитетите, ресурсите и надлежностите за да ги надминеме диспропорционалните разлики и децениските проблеми,  како предуслов за просперитетна и сигурна иднина.

Од исклучителна важност е учеството на ромската заедница како и сите останати заедници, во општествениот, политичкиот и културниот живот на државата. Да продолжиме заеднички да градиме соживот во духот на взаемната почит, солидарноста и пријателството.

Нека ни е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!
Bahtalo о 8. April sa e Romenge!

Стево Пендаровски

///

Pakjivale barabardizutne,

Savilestar bahtakerava tumenge o 8 April, e Romengoro maškardžijaneskoro dive, jek tare majdžanle date ki romani historia kana ko Avgo Romengoro kongresi ko 1971 berš ko London, o romane aktivistia tar Evropa konfirmiringje o romano bajrako, himna, čhib, kultura thaj romano identiteti e pobut taro 12 milionia Romenge ki Evropa. Barikane sijam bašo tumaro dendipe ko tamiribe o multikulturnikano mozaiko tar amari barabarutni dajakiri phuv.

Mangle barabardizutne,

Anglal amende si majhari taro jek dešberšipe baš ikeribe ko čačipe i nevi Strategia baši Romengiri inkluzia kolate amaro barabarutno savali si te kera inkluzivnikano sasoitnipe andaribaja dži konkretnikane rezultatia ki edukacia, bukjarnipe, kherutnipe, sastipe, kultura, mareba mamuj i diskriminacia thaj čorolipaskoro tinknjakeribe. Akale krizakere periodende taro sastipaskoro thaj ekonomikano aspekti, zaruri si sa o astarde riga adekvatnikane te istemalkera o kapacitetia, resursia thaj ingerencie ki te nakhavkera o disproporcionalnikane turlipa thaj dešberšipangere problemia, sar anglošarti bašo prosperiteteskoro thaj sigurime avutnipe.

Tar ulavdo džanlipe si o leibe than e romane khedinakoro sar thaj e avere khedinengoro, ko sasoitnikano, politikano thaj kulturnikano dživdipe ki raštra. Te dža ponodorig barabar te tamirina o barabardživdipe ko ruhi tari sajgia jek avereske, solidariteti thaj amalipe.

Te ovel amenge bahtalo o 8 April – E Romengoro maškardžijaneskoro dive!
Bahtalo о 8. April sa e Romenge!

Stevo Pendarovski

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Интервју на претседателот Пендаровски за емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат-М

Интервју на претседателот Пендаровски за емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат-М

Во интервју за емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат-М претседателот Стево Пендаровски зборуваше за последните случувања во домашната и надворешната политика на Северна Македонија. Реформите во виталните области, борбата со корупцијата и процесот на ветинг,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед. Почитувани, Имам особено...

Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ - Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк – тенк) Пријатели на Европа. На сесијата во рамки на Самитот,...

Претседателот Пендаровски во посета на Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО

Претседателот Пендаровски во посета на Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Монс, Белгија ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО, каде оствари средба со Врховниот командант, генерал Кристофер Каволи. На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните...

Претседателот Пендаровски во работна посета на Белгија

Претседателот Пендаровски во работна посета на Белгија

Претседателот Стево Пендаровски денеска - 7 декември 2022 година, среда, ќе престојува во работна посета на Кралството Белгија. Претседателот Пендаровски, во Монс, на церемонија со воени почести ќе биде пречекан од страна на Врховниот командант на сојузничките сили во...