Претседателот Пендаровски на конференцијата „Дигитализација“: Неопходно е дигитално описменување и создавање на информирани и дигитално одговорни граѓани

31 март 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на конференцијата на тема „Дигитализација“, што во организација на амбасадата на Француската Република и Францускиот институт во Скопје, денеска се одржа во Националната Установа Центар за Култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на дигитализацијата како предуслов за економски развој, за транспарентни, одговорни институции и за квалитетни јавни услуги што ќе ги задоволуваат потребите на граѓаните.

„За таа цел, уште на почетокот на мојот мандат го иницирав проектот „МКД2030“ како наша, автентична стратешка рамка за развој до крајот на оваа деценија. Наскоро ќе го промовираме тој проект во јавноста, но, уште од сега е јасно дека еден од основните постулати за развојот да биде можен е тој да биде – дигитален“, истакна претседателот.

Говорејќи за дигиталната сфера како основа за напредок, претседателот Пендаровски посочи и на еден од клучните предизвици – големиот обем на дезинформации и брзината со која се шират преку дигиталните платформи и социјалните мрежи.

„Оние кои стојат зад кампањите за дезинформирање ги злоупотребуваат слабите страни на општеството, ја намалуваат неговата отпорност, ја поткопуваат довербата кон институциите и, за жал, успешно ги продлабочуваат поделбите меѓу луѓето“, оцени претседателот Пендаровски, посочувајќи дека лажните вести и дезинформации успеваат особено во периоди на неизвесност, каков што е овој сега, оптоварен со пандемија, војна, економска и енергетска криза.

Осврнувајќи се на сензационалистичките дезинформации кои се шират многу побрзо и стигнуваат до многу повеќе луѓе отколку вистинските и проверени информации, претседателот посочи на лажните вести поврзани со КОВИД-19, како и на бројните примери во последниов месец, кај нас и во поширокиот регион, кога се нанесува штета на економијата, креирајќи паника меѓу населението кое ги празни продавниците со животните продукти.

Според претседателот Пендаровски решението лежи во дигиталното описменување, во создавање на информирани и дигитално одговорни граѓани. Обраќајќи се кон младите како технолошки најобразувана и најнапредна генерација, претседателот истакна дека со нивните вештини и знаења, со разбирањето на дигиталната сфера, можат да придонесат во развивањето на дигитална отпорност која вклучува едуцирање на дигиталните заедници од сите генерации, за вештините неопходни за полесно препознавање на лажните вести.

Амбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, во своето обраќање посочи дека во актуелните рамки на Европската Унија, претседавањето со Советот се случува само еднаш на секои тринаесет и пол години, што е ретка можност.

„Франција го презеде ова претседателство во еден исклучителен контекст, во период обележан со големи кризи. Тој нов геополитички контекст нѐ засега сите нас, а стратешкиот интерес за европската интеграција на Западен Балкан дополнително се зајакнува, што особено се однесува на Северна Македонија. На денешната конференција на тема „Дигитализација“ зборуваме за предизвиците во таа област, за Европа која станува светска референтна сила за дефинирање на фер и транспарентни правила, за заштитата на правото на приватност и на личните податоци, за добрата информираност и за тоа како да се заштитиме од говорот на омраза”, истакна амбасадорот Бомгартнер.

На Конференцијата која се реализира во рамки на активностите поврзани со француското претседателство со Советот на Европската Унија, свои излагања имаа Беноа Лутрел, член на Советот за регулација на аудио-визуелна и дигитална комуникација, поранешен директор за односи со јавност во Гугл и поранешен Генерален директор на ARCEP, Филип Стојановски, директор за партнерства и развој на ресурси, НВО Метаморфозис, Елена Стојановска, консултант од областа на заштитата и безбедноста на личните податоци и Бојан Кордалов, комуниколог, Институт за добро управување и евроатлантски перспективи.

На панел дискусијата учествуваа студенти од Економскиот факултет – Прилеп и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ од Скопје, франкофони средношколци од Гимназијата „Мирче Ацев“ – Прилеп, од Гимназијата „Кирил и Методиј“ – Неготино, од Средното економско училиште „Васил Aнтевски Дрен“ – Скопје, како и претставници од Коалицијата на младински организации СЕГА и од Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан – РИКО.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...