Претседателот Пендаровски со сопругата на промоција на книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата“

3 февруари 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска денеска во Дебар Маало во Скопје присуствуваа на промоција на книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата“ на авторите Бранка Костиќ-Марковиќ и Марко Коловски, која е посветена на композиторот и диригент Александар Џамбазов.

Публикацијата претставува збирка на песни од маестро Александар Џамбазов, еден од нашите најистакнати македонски композитори, диригенти и втемелувачи на македонската популарна и детска музика. Изборот на композициите, кој опфаќа 52 песни за деца од предучилишна и училишна возраст, е направен од страна на самиот Џамбазов за време на неговиот живот, а во соработка со авторот Марко Коловски.

Промоцијата на книгата беше дел од поголем настан, кој се одржа во организација на синот на маестро Џамбазов, Игор Џамбазов и Општина Центар, а по повод сеќавање на животот и делото на композиторот, токму на денот на неговиот роденден, 3 февруари.

Во рамки на настанот беше откриен и мурал со ликот на Александар Џамбазов и неговите „славејчиња“ во скопско Дебар Маало, дело на уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка и беше изведена музичка програма на која настапија дел од поранешните „Златни славејчиња“ и „Развигорчиња“ под диригентство на Запро Запров, а во пијано придружба на Марија Ѓошевска.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Заедничка иницијатива за климатска акција  – искуства од  28. Самит за климатски промени

Заедничка иницијатива за климатска акција – искуства од 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети лабораторијата за мерење на квалитетот на воздухот во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и учествуваше во дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција  - искуства од  28. Самит за климатски...

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Жарко Димитриоски, претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи во Стопанската комора на Северна Македонија, Тим-40. Димитриоски го запозна претседателот Пендаровски со активностите на нивната асоцијација, како и...

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за  лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Кабинетот на претседателот, во рамки на Отворен кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Мирче Ацев“ и лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Претседателот Стево Пендаровски денеска во книжарницата „Сакам книги“ оствари средба со писателката Оља Петрушевска Томева. Истакнувајќи дека речиси и да нема сличност меѓу пишувањето и нејзината примарна професија...

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, изразувајќи...