Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ – Да создавамe перспективи младите да ја градат кариерата во нашата држава

28 декември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го додели признанието „Успешни млади“, во рамки на проектот инициран за поттикнување на научната, истражувачката и креативна работа на младите луѓе од земјава. Целта е креирање на политики кои ќе придонесат да се намали одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри.

Комисијата која е составена од реномирани домашни и странски професори и експерти од своите области, одлучи оваа година признанието да го добијат шестмина учесници.

Во категоријата најдобар млад научник во природно-математички и технички науки, добитник е Петре Ламески. За афирмација на инклузијата на млади со попреченост комисијата донесе одлука признанието да го додели на двајца кандидати, Андон Дамовски и Марија Савеска. Во категоријата најдобар млад уметник, добитници се Сашо Димоски и Билјана Камчева. Добитник на признанието Млад талент кое се доделува на ученици и ученички од средните училишта е Матеј Милосиевски.

Претседателот Пендаровски им го честита успехот на добитници на признанието и на сите останати кандидати кои се пријавија на јавниот повик, посакувајќи им добро здравје, среќа и понатамоши професионални успеси.

„Пристигнатите трудови и нивниот квалитет потврдуваат дека младите кај нас навистина поседуваат исклучителни таленти. Верувам дека за добитниците, признанието ќе претставува своевидна валоризација на нивниот труд и поттик да продолжат напорно да работат и да се развиваат во своите области. Исто така, се надевам и на иницирање на соработка помеѓу апликантите и добитниците на признанија и од иста и од различните категории, при што, ќе се разменуваат идеи и иницираат мултидисциплинарни истражувања и проекти,  порача претседателот Пендаровски.

Претседателот истакна дека за успешните млади секогаш мора да бидат отворени образовните, научните и културно-уметничките институции, стопанските субјекти и креативните индустрии.

„Да се трудиме секој во својот домен и во рамките на ингеренциите и на можностите да работиме на создавање перспективи за младите и успешни поединци да останат и да ја градат својата кариера во Република Северна Македонија. Јас и моите соработници стоиме на располагање преку проекти и иницијативи да придонесеме за поддршка на успешните млади“, рече во обраќањето претседателот Пендаровски.

Добитниците на признанието се заблагодарија на претседателот и на Комисијата, за вреднувањето на нивниот труд истакнувајќи дека ова за нив претставува дополнителен поттик и мотивација да продолжат со професионалното усовршување, секој во својата област.

Признанието „Успешни млади“ се доделува по втор пат за резултати постигнати во изминатата календарска година во областа на општествените, природно-математичките и техничките, хуманистичките и на медицинските науки, на млади со значајни достигнувања во уметничките и во културните практики, како и во категориите млади иноватори, таленти и успешни млади со попреченост.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...