Претседателот Пендаровски и сопругата присуствуваа на погребот на Кралицата Елизабета Втора

19 септември 2022 | Aктивности, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваше на Државната погребна служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора.

По службата, претседателот Пендаровски присуствуваше на приемот што го приреди Секретарот за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли.

Вчера, претседателот Пендаровски во Вестминстерската сала оддаде почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, а во Ланкастер хаус се потпиша во книгата на жалост.

Вчеравечер, претседателот Пендаровски во Бакингамската палата присуствуваше на приемот што за шефовите на делегациите го приреди Неговото Величество Кралот Чарлс Трети.

На погребната служба во Вестминстерската опатија, присуствуваа над 2.000 високи гости од целиот свет. Ѕвоната на Вестминстерската опатија биеја 96 пати, на секоја минута, означувајќи ја должината на животот на Кралицата. Ова е прва погребна служба за монарх во опатијата од 18-от век до денес.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Интервју на претседателот Пендаровски за „Топ тема“ на телевизија Телма

Интервју на претседателот Пендаровски за „Топ тема“ на телевизија Телма

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Топ тема“ на телевизија Телма говори за актуелната енергетска криза, напорите за обезбедување на стабилно снабдување со енергенси и неодамнешната работа посета на Република Бугарија, во тој контекст. Во интервјуто...

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Здружението Клуб на генерали

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Здружението Клуб на генерали

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Здружението Клуб на генерали – Скопје. На средбата се разговараше за тековните активности на здружението, како и за идните планови. Упатувајќи честитки по повод 10 годишнината од постоењето, претседателот...

Заедничка изјава на претседателите на НАТО земји-членки од Централна и Источна Европа во врска со одлуката на Русија за нелегално анектирање на украински територии

Заедничка изјава на претседателите на НАТО земји-членки од Централна и Источна Европа во врска со одлуката на Русија за нелегално анектирање на украински територии

Ние, претседателите од Централна и Источна Европа, од земји чиишто лидери го посетуваа Киев за време на војната и лично беа сведоци на последиците од руската агресија, не можеме да молчиме пред фрапантното прекршување на меѓународното право од страна на Руската...

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска во посета на прилепскиот регион

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска во посета на прилепскиот регион

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска при денешната посета на прилепскиот регион го посети ООУ "Кочо Рацин" во Прилеп, кадешто наставничкиот кадар ја запозна со тековните активности за учениците и работата на училиштето во чиј рамки функционира и детска...

Средба на претседателот Пендаровски со бугарскиот претседател Радев

Средба на претседателот Пендаровски со бугарскиот претседател Радев

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Софија оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев. На средбата беше разговарано за можностите за натамошно унапредување на политичките и економските односи меѓу...