Средба на претседателот Пендаровски со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ

28 септември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

Соговорниците на средбата оценија дека двете држави имаат пријателски билатерални односи, без отворени прашања. Изразувајќи подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес, претседателот Пендаровски и Џаферовиќ разговараа за можноста за воспоставување на директна авионска линија помеѓу Скопје и Сараево, како и за можноста за отворање на Катедра за изучување на босанскиот јазик во Северна Македонија.

Истовремено, претседателот Пендаровски посочи на интересот на Република Северна Македонија за интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена со Босна и Херцеговина, која, како што беше посочено на средбата, заостанува зад добрите политички односи.

На средбата соговорниците разменија мислења во однос на европските аспирации на двете држави. Претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката од нашата држава за европските аспирации на БиХ. Исто така, претседателот Пендаровски изрази и подготвеност за споделување на искуства во однос на НАТО интегративниот процес. Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелните состојби во регионот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...