Средба на претседателот Пендаровски со министерот за правда и директорот на Државниот завод за статистика

5 јануари 2021 | Соопштенија, Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со министерот за правда, Бојан Маричиќ и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за тековните процеси на реформи во судството, и за активностите и капацитетите на Државниот завод за статистика во пресрет на спроведувањето на пописот.

Министерот за правда го информираше Претседателот за новата методологија за оценување на работата на судиите и претседателите на судовите, како и со новата алатка за филтрирање и проверка на работата на судиите и судовите.

Претседателот Пендаровски ја поздрави одлуката на Советот за реформи во правосудството за ветинг на судиите, оценувајќи ја како чекор напред во стекнување на доверба на граѓаните во работата на судството. „Правната држава е од егзистенцијално значење и мора да биде поставена на здрави темели. Реформите во правосудството треба да бидат ефикасни, и тука не смее да постои селективност и толеранција“, посочи претседателот Пендаровски.

На средбата беа разменети мислења за претстојните активности кои треба да ги реализираат државните институции во насока на спроведување на пописот.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски истакна дека Заводот е целосно подготвен за спроведување на оваа статистичка операција во контекст на методолошкиот и техничкиот дел на пописот, и изрази очекување дека Законот наскоро ќе биде донесен, со цел навремено и адекватно постапување.

Претседателот Пендаровски уште еднаш изрази очекување дека во новото законско решение ќе бидат вградени највисоките статистички стандарди на Еуростат со цел да се реализира валиден и кредибилен попис, како што соодветствува за една демократска држава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...