Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо

12 јуни 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Берлин, на маргините на Конференцијата за обнова на Украина, оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо.

На средбата беше разговарано за исклучителната важност на посветената реализација на проектите на ЕБОР во земјава, фокусирани на континуиран развој на социо-економските процеси во македонското општество, во согласност со нашата европска стратешка определба.

Двете соговорнички ја потенцираа заложбата во промовирањето на родовата еднаквост, како клучен двигател на функционалната одржлива и инклузивна пазарна економија. Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова, изрази задоволство од успешноста на спроведените политики на ЕБОР во земјава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на завршната сесија на Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани, што се одржа денеска во Скопје во организација на Владата. Според претседателката,...

Видео обраќање на отворањето на националниот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“

Видео обраќање на отворањето на националниот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео порака се обрати на отворањето на националниот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката...

Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме, на којашто присуствуваа повеќе од 170 ученици од скопските основни училишта „Христијан Тодоровски-Карпош “, „Петар Поп Арсов“ и од „Гоце...

Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Амбасадата на Република Австрија во земјава и амбасадорот Мартин Памер. [gallery...

Средба со македонската заедница во Полска

Средба со македонската заедница во Полска

За време на посетата на Република Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со припадници на македонската заедница што живеат таму. Во Република Полска постои мала, но активна, угледна...