Претседателот Пендаровски се обрати на Македонско-Хрватскиот економски форум во Загреб

1 јули 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Загреб, во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, се обрати на  Македонско-Хрватскиот економски форум, кој се организираше во соработка со Хрватската трговска комора, а на која присуствуваа и претседателите на најзначајните бизнис гранки, предводена од Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Претседателот Пендаровски посочи дека посебен фокус во неговата работа е економијата, оцени дека особено важен дел на официјалната посета на Хрватска е економскиот сегмент и се заблагодари за хрватската отвореност и ангажман кон зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави.

Претседателот говореше за економските и социјалните штети предизвикани од пандемијата на Ковид-19, при што нагласи дека македонската економија претрпе сериозен пад, а кризата најмногу се манифестираше во туризмот и угостителството, голем дел од индустриските гранки, трговијата на големо и мало. Тој се осврна и на шесте антикризни ковид пакети за спас на економијата, од нив 4-те пакети беа околу 1 милијарда евра.

Претседателот Пендаровски го нагласи значењето на вакцинацијата, како еден од приоритетните чекори за подобрување и на економската ситуација во нашата држава и посочи дека во државата веќе започнува посериозна масовна вакцинaција.

 „Не зависи се од луѓето во бизнис секторот за забрзан, инклузивен и економски раст. Важно е и владеење на правото, сведување на корупцијата нa најниско ниво“, рече претседателот Пендаровски, посочувајќи ги придобивките од влезот во НАТО на нашата држава како една од можностите за промовирање стабилност кон зајакнување на економската позиција кај меѓународните партнери, овозможувајќи поголема видливост на Северна Македонија како потенцијал каде може да се инвестира.

Фокусот на економската билатерална средба во Загреб беше во насока на интензивирање на соработката со цел овозможување раст на трговската размена меѓу двете држави, разгледување на потенцијалот за инвестиции од областа на индустриското производство, воената индустрија,  екологијата и рециклирање на отпадот, како и зголемување на можностите за развој на туризмот меѓу двете држави со разгледување на можностите за отворање директни авио линии до и од најпопуларните туристички дестинации.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...