Средба на претседателот Пендаровски со американскиот заменик помошник државен секретар, Габриел Ескобар

6 декември 2021 | Соопштенија, Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот.

Претседателот Пендаровски оцени дека двете држави во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог и изрази уверување дека билатералните односи ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на силната и континуирана поддршка од САД во остварувањето на стратешките цели на нашата држава, од прогласувањето на независноста до денес.

Во однос на аспирациите за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство, истакнувајќи дека деблокирањето на интегративниот процес позитивно ќе се одрази на севкупната стабилност и развојот на регионот. Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката на американската администрација, и лично на заменикот помошник државен секретар Ескобар, во однос на потребата за напредокот на земјите од регионот кон ЕУ.

На средбата претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на Република Северна Македонија, како најнова членка на НАТО, да придонесе за колективната безбедност и одбрана на вредностите на евро-атлантската заедница.

Претседателот Пендаровски се заблагодари на поканата за учество на виртуелниот Самит за демократија, во организација на претседателот на САД, Џо Бајден, што ќе се одржи на 9 и 10 декември 2021 година.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...