Ѓоргиевска: Неопходно е подигнување на пошироката јавна свест за цистична фиброза, поголема солидарност и емпатија од целата заедница

22 ноември 2021 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, денеска учествуваше на панел дискусијата по повод одбележувањето на Европскиот ден за подигање на свеста за цистична фиброза насловена:„Цистична фиброза – надвор од нашата битка“.

На панелот се дискутираше за предизвиците при третманот и лекувањето на лицата со цистичната фиброза, за функционирањето на Центарот за цистична фиброза и борбата на заедницата за пристап до модулаторна терапија и останатите потребни лекови, согласно европските протоколи.

Г-а Ѓоргиевска во своето обраќање ги поздрави напорите на сите надлежни и инволивирани институции, посочувајќи дека е неопходен заеднички ангажман и системски решенија за лицата кои се борат со цистична фиброза како и со останатите ретки болести.

„Лицата со цистична фиброза се дел од нашето секојдневие. Потребна е поголема грижа и внимание за нив во текот на целата година. За таа цел неопходно е подигнување на пошироката јавна свест на нашето општество, поголема солидарност, емпатија, не само од страна на семејствата, туку од страна на целата заедница“, порача во обраќањето сопругата на претседателот.

Г-а Ѓоргиевска посочи дека благодарејќи на развојот на медицината, направен е значителен напредок. „Секојдневно има напредок во развојот на терапијата, медицината премногу брзо се развива. Развојот на науката ни овозможува да го пролонгираме животниот век на сите пациенти. Во последните години навистина е направен огромен исчекор во третманот,  нашите протоколи се усогласени со европските и ние не заостануваме во применетата терапија, меѓутоа, мораме да се бориме да примениме се она што е ново. Колку што е можно повеќе да се набавуваат нови, подобри и поефикасни лекови“, истакна г-а Ѓоргиевска.

За квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза и предизвиците со кои се соочуваат, своето лично искуство го сподели Ивана Атанасовска. Изразувајќи поддршка на Асоцијацијата за цистична фиброза, г-а Ѓоргиевска истакна дека споделувањата на индивидуалните сведоштва е еден од начините да се допре до пошироката јавност и да се подигне јавната свест. Таа додаде дека третманот и грижата кон лицата со ретки болести е тест за нашите институции, за нас како поединци и за целото општество.

На панел дискусијата учествуваше амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, д-р Никола Брзанов, претседател на Клубот на млади лекари, д-р Тања Јакоска, раководител на Центарот за цистична фиброза и г-а Наташа Новаковска, основач на Асоцијацијата за цистична фиброза. За перспективата на младите доктори и предизвиците поврзани со негата на пациентите со цистична фиброза, говореше младата лекарка Елена Ѓиновска.

Цистичната фиброза е една од најзастапените ретки болести во нашата земја со која живеат околу 130 пациенти.

Дебатата е организирана во партнерство со Клубот на млади лекари, со учество на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и Здружението на студенти по медицина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението на новинари на Македонија, како и претставници на неколку меѓународни новинарски и медиумски организации. На средбата се разговараше за прашања поврзани со слободата на изразување и независноста...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Ангола во Република Северна Македонија со седиште во Будимпешта, Жозе Филипе. На церемонијата на предавање на...

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...