Обраќање на претседателот Пендаровски на презентацијата на осум иновативни студентски проекти на ФЕИТ

15 декември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се обрати на презентацијата на осум иновативни студентски проекти во рамки на програмата Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE).

Истакнувајќи дека ангажманот на студентите во овој проект е потврда дека иновациите се неопходност и доказ за трансформативната моќ на заедничкото решавање на проблемите во една држава, претседателот Пендаровски посочи дека должност на сите е да овозможат идеите на студентите да бидат преточени во решенија.

Почитуван декан,
Почитувани студенти, сегашни и идни иноватори, драги гости,

Ми претставува чест да им се обратам, пред се, на овие талентирани млади луѓе кои креираат надвор од вообичаените рамки, спојувајќи ги нивните идеи со технологијата. Овие млади деца гледаат во иднината од сосема друг агол и затоа сум убеден дека само преку нивните визии можеме да бидеме дел од дигиталната ера во која веќе живееме.
Честитки и до тимот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, коj преку иницијативата – Innovations in Smart Anything Everywhere, ја поттикнува интелектуалната љубопитност меѓу студентите, и им овозможува услови да размислуваат пред своето време.

Вашиот ангажман во овој паневропски проект, е потврда дека иновациите се неопходност и доказ за трансформативната моќ на заедничкото решавање на проблемите во една држава. Во свет оптоварен со предизвици, нашата заложба за зголемување на степенот на дигитализација во општеството не е само стратегија на хартија, таа е нужност, затоа што дигиталните технологии се катализатори на општествените промени. Оттаму, токмју вие, студентите со желба за знаење и експериментирање ќе го обликувате светот на иднината каде што иновациите не се избор, туку начин на живот.

Спојот на технолошката умешност и претприемачкиот дух кој е содржан во оваа програма е аспект кој треба посебно да биде истакнат. Сведоци сме на една нова генерација која нуди решенија, но и активно се стреми да ги спроведе менувајќи ги досегашните традиционални парадигми на општествен одговор на актуелните предизвици.

Друг аспект кој охрабрува е конвергенцијата на таленти од различни дисциплини, кои се здружуваат во нудењето на решенија, што, повторно е доказ дека напорите на студентите се протегаат надвор од конвенционалните академски граници.

Во светот, како што знаете, одамна е надминат концептот на образованието кое е ограничено само на учебници и теорија. Затоа е потребен ваков динамичен амбиент во кој преку комбинирањето на ресурси и експертиза, креативноста и иновативноста ќе имаат и своја апликативна вредност. Ги охрабрувам сите овие иноватори кои формираат стартапи да бараат финансиска поддршка од институциите, затоа што државата може да напредува само преку искористување на нивниот потенцијал.

Драги студенти,

Наша должност е да овозможиме да биде ослободен креативниот потенцијал на вас, дигиталните пионери, да помогнеме вашите идеи да ги преточите во решенија затоа што моќта да се промени светот лежи во секој од вас.

Не се плашете од непознато, бидете лидери кои не само што се адаптираат на промените, туку и ги предводат, бидејќи без сомнение, вие го имате тој потенцијал во себе.
За крај, би сакал да ја изразам мојата фасцинација од посветеноста и креативноста на сите тимови кои се овогодишни учесници на INNO-SAE програмата. Денешниов настан нека биде еден од предвесниците дека и ние можеме да дадеме иновативен прилог во светот на технологиите кој доаѓа.

Благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска во селото Требош, Општина Желино ја посети компанијата „Везе шари“. За време на посетата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на компанијата, која...

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски. Почитувани медиуми, Почитувани граѓани, Благодарам за вашето присуство. Повод за...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во...

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Кабинетот на претседателот, денеска го посетија претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на панел дискусија посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАБРМ.   [gallery...