Претседателот Пендаровски ја прими Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам

11 јули 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, која престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

На средбата, претседателот Пендаровски ја поздрави посетата на специјалната известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, којашто е фокусирана на активностите коишто ги презема Северна Македонија со цел репатријација, гонење, реинтеграција и рехабилитација на нашите државјани, повратници од североисточна Сирија, како и враќање, рехабилитација и реинтеграција на странски борци, жени и деца кои имаат наводни врски со одредени терористички групи.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од соработката со Комисијата за човекови права на Обединетите Нации и нивната поддршка, експертиза во однос на законските решенија и политики за борба против тероризмот, истовремено обезбедувајќи заштита на човековите права и слободи. Извештајот за Северна Македонија со наоди и препораки ќе биде презентиран пред Советот за човекови права во март 2024 година.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на 9. Меѓународна истражувачка конференција на тема „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности - Редизајнирање на макроекономската политика“ што во организација на Народната банка на...

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а по иницијатива на сопругата на Претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава обезбеди финансиски средства кои ќе бидат донирани на Министерството за здравство за...

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...