Претседателот Пендаровски: Време е ЕУ интеграцијата на земјите од Западен Балкан да ја препознае како главна стратешка и геополитичка одлука, а не како техничко прашање

7 декември 2020 | Соопштенија

Европскиот проект нема да биде целосен доколку земјите од Западен Балкан не се интегрираат целосно во Европската Унија, нагласи претседателот Стево Пендаровски во денешното обраќање на самитот ЕУ-Западен Балкан, во организација на влијателниот тинк тенк „Пријатели на Европа“.

Говорејќи на сесијата „Поддршка на регионализацијата: Мост кон силна и стабилна демократија“, претседателот Пендаровски истакна дека е време за нов пристап којшто ќе ја препознае интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија како главна стратешка и геополитичка одлука, а не како техничко прашање.

„Стабилноста и безбедноста на регионот, како и неговиот демократски развој, се потпираат на европската перспектива. Создавањето на вакуум во интеграцијата на регионот може да биде искористен од други надворешни сили. Земјите-членки на ЕУ имаат историска шанса да дадат придонес кон европската стабилност и просперитет“, нагласи претседателот Пендаровски.

Со усвојувањето на новата методологија за водење на пристапниот процес, како што додаде претседателот Пендаровски, земјите од Западен Балкан треба да исполнат јасни критериуми, меѓу коишто се владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и високата корупција, доколку сакаат напредок во интегративниот процес.

Важна област, според претседателот Пендаровски, е демократскиот развој, којшто според него, е под притисок на популистички движења и загрозен е од проблемите со владеењето на правото, нефункционални институции и ниската доверба во нив, како и скромниот социо-економски развој, којшто пак е меѓу главните причини за зголемена миграција, особено меѓу младите.

Според претседателот Пендаровски, регионалната економска интеграција може да биде од корист за интегративниот процес, имајќи предвид дека економскиот развој е еден од главните предуслови за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Сите иницијативи коишто се во функција на интеграција во единствениот европски пазар се повеќе од добредојдени, рече претседателот Пендаровски и додаде дека секоја економска иницијатива би била нецелосна доколку не биде поткрепена и со напредок во интеграција кон Европската Унија.

Одговарајќи на прашањата на учесниците на самитот претседателот Пендаровски подвлече дека деновиве би сакал да слушне дека ќе се случи првата меѓувладина конференција помеѓу Северна Македонија и ЕУ , бидејќи како што рече, „освен членството во Унијата, за нашата земја нема друга алтернатива“.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...