Претседателот Пендаровски се обрати на форумот: „Непрофитни организации и проценка на ризик – ангажман и научени лекции за ефикасна имплементација“

10 јуни 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку видео порака се обрати на регионалниот форум: „Непрофитни организации и проценка на ризик – ангажман и научени лекции за ефикасна имплементација“, којшто во организација на Управата за финансиско разузнавање при Министерството за финансии на Република Северна Македонија, Европски центар за непрофитно право и здружението Конект, се одржува по повод презентацијата на Извештајот за спроведена проценка за ризикот од финансирање на тероризмот за непрофитните организации во Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски оцени дека извештајот е многу важен за нас, како сет на добри практики препознаени на меѓународно ниво коишто претставуваат одлична шанса за размена на искуства и знаење. Притоа претседателот Пендаровски изрази очекување дека следната година Манивал ќе спроведе ригорозна проценка на целокупниот државен систем и неговата подготвеност да ги препознава ризиците за перењето пари.

„Овој Извештај за спроведена проценка за ризикот од финансирање на тероризам за непрофитните организации во нашата земја влева надеж дека со имплементација на препораките ќе го направиме системот посилен и поподготвен да се справува со заканата од тероризам и нелегалните извори за негово финансирање“, рече претседателот Пендаровски, додавајќи дека на тој начин ќе ја зајакнеме довербата на граѓаните и на нашите европски партнери во капацитетот и интегритетот на надлежните домашни институции како клучни носители на концептот на добро владеење.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски ја нагласи потребата од механизми за рано препознавање на финансирањето на тероризмот од страна на организациите што се кријат зад формалните имиња од невладиниот сектор.

„Македонската јавност треба да биде соодветно информирана и едуцирана во врска со дејствувањето на непрофитните организации, кои пак, треба и самите да ги зајакнат сопствените капацитети за препознавање на ризиците кои произлегуваат од перењето пари и финансирањето тероризам“, додаде претседателот Пендаровски.

Според претседателот Пендаровски борбата против тероризмот мора да биде сеопфатна, меѓу-секторска и системска. „Мора да ги јакнеме нашите сегашни капацитети и да ја градиме отпорноста на нашите безбедносни, но, и финансиски системи кон потенцијалните терористички напади“, подвлече претседателот Пендаровски, нагласувајќи дека тоа е наша обврска, не само како земја-членка на НАТО алијансата и како кандидат за членство во Европската Унија, туку како наш државен приоритет.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...