Средба со претставници на ГИЗ и фокус групата за новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година

28 октомври 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и фокус групата кои работат на изготвување на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година.

Претставниците на ГИЗ и фокус групата го запознаа претседателот Пендаровски со текот на изготвувањето на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година, што има за цел да ја приближи Северна Македонија кон принципите што се пропишани во Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Претседателот Пендаровски, истакнувајќи ја важноста од донесувањето на стратегијата, се заблагодари за поддршката и помошта на ГИЗ во нејзиното изготвување и изрази очекување дека таа ќе придонесе за унапредување на положбата на лицата со попреченост. Оваа стратегија, посочи претседателот Пендаровски, има големо значење за Северна Македонија во контекст на обврските што државата ги има преземено со ратификацијата на Конвенцијата, а особено е значајно што лицата со попреченост се директно вклучени во изработката на стратегијата.

Стратегијата се изготвува во рамки на проектот „Социјални права за ранливите групи во Западен Балкан“ имплементиран од ГИЗ, а се вклучени претставници од 11 ресорни министерства, организации на лицата со попреченост и граѓански организации кои ги застапуваат нивните права, практичари кои на секојдневна основа работат со конкретната проблематика и активисти.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP)

Посета на учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP)

Во посета на Кабинетот на претседателот денеска беа учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP) која се имплементира од Младинскиот отворен форум од нашата земја во соработка со Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV) од...

Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан

Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за можноста за унапредување на соработката во сите...

Претседателот Пендаровски во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Претседателот Пендаровски во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети општина Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“. Во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци, претседателот Пендаровски проследи настап на училишниот оркестар што го освои првото место на...

Претседателот Пендаровски го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје

Претседателот Пендаровски го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје

Претседателот Пендаровски денеска го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје, со седиште во општина Чаир, како и Центарот за рехабилитација СОС Вита Медика. На средбата со Ертан Шакири,...

Посета на ученици од општина Шуто Оризари во рамки на активноста Отворен кабинет

Посета на ученици од општина Шуто Оризари во рамки на активноста Отворен кабинет

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од СУГС „Шаип Јусуф“ и ООУ „Браќа Рамиз Хамид“ од скопската општина Шуто Оризари. Посетителите имаа...