Активности на г-а Елизабета Ѓоргиевска во рамки на учеството на претседателот на 78. Генерално Собрание на ОН

23 септември 2023 | Соопштенија

Сопругата на претседателот г-а Елизабета Ѓоргиевска, која престојуваше во Њујорк во придружба на претседателот при неговото учество на 78. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, оствари повеќе средби и активности.

Г-а Ѓоргиевска оствари средба со Диен Кеита, помошник генерален секретар и заменик извршен директор при Фондот за население на ОН (УНПФА) на која разменија мислења и информации за претстојната конференција на високо ниво, насловена „Моќта на изборот: Телесна автономија кај жени и девојки“, чиј домаќин ќе биде г-а Ѓоргиевска, во соработка со УНФПА, а ќе се одржи под покровителство на претседателот, во октомври оваа година.
Соговорничките се согласија дека темата на конференцијата „Моќта на изборот” е од огромно значење – правото на жените и девојките да имаат контрола над своите тела, здравје и репродуктивни права. Г-а Кеита го поздрави ангажманот на г-а Ѓоргиевска за прашањата на кои работи УНФПА, ставајќи ја Северна Македонија високо на мапата на земји кои се активни по ова прашање.

Сопругата на претседателот учествуваше и на иницијативата за елиминирање на насилството врз жените и девојките во рамки на Самитот за целите за одржлив развој, каде истакна дека „мора да се стави крај на насилството врз жените, со кое на милиони жени и девојки практично им се негираат основните човекови права и можноста активно да придонесуваат во општеството и заедницата. Глобално, една од три жени е жртва на насилство, а во проценките на иницијативата, до 2025 година, дневно животите на најмалку две жени и девојки би биле спасени. Ваквите негативни трендови не изостануваат ни во Република Северна Македонија и затоа е потребно многу повеќе работа и видливи резултати.“

Г-а Ѓоргиевска присуствуваше и на приемот организиран од страна на првата дама на САД, д-р Џил Бајден каде оствари кратка средба со д-р Џил Бајден, при што ја информираше за активностите на кои работи во соработка со УНИЦЕФ и други партнери, посветени на менталното здравје кај младите и потребата од поголема грижа и системски решенија од надлежните чинители во одржувањето на менталното здравје кај младите.

Сопругата на претседателот имаше и кратка средба со првата дама на Украина, Олена Зеленска на која разговараа за неодамна одржаниот Самит за ментално здравје во Киев, од кој беше дел и г-а Ѓоргиевска, а исто така и ја реафирмираше поддршката за заложбите на сопругата на украинскиот претседател, во контекст на заштитата на децата и нивните права.

Дополнително за време на престојот во Њујорк, г-а Ѓоргиевска, одржа и две предавањa за студентите на постдипломски студии при Универзитетот „Колумбија“ на Колеџот за дентална медицина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...