Претседателот Пендаровски учествуваше на виртуелниот Глобален самит за борба против Ковид-19: Крај на пандемијата и поставување на подобри основи како подготовка за следната

22 септември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски учествуваше на виртуелниот Глобален самит за борба против Ковид-19: Крај на пандемијата и поставување на подобри основи како подготовка за следната, организиран од претседателот на САД, Џо Бајден, на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, што се одржува во Њујорк.

Во видео обраќањето претседателот Пендаровски истакна дека вакцинацијата против Ковид-19 ширум светот, без одлагање, е од клучно значење. За да се достигне висока стапка на вакцинација на глобално ниво, како што рече претседателот Пендаровски, сите ние треба да се бориме против системските неправди со фер, инклузивна и правична распределба на ефикасни вакцини. Претседателот Пендаровски изрази поддршка на заедничките глобални цели за справување со пандемијата од Ковид-19, презентирани од американскиот претседател Бајден, оценувајќи ги како клучни за запирање на оваа закана.

Почитувани екселенции, драги колеги,

Повеќе од една година, сите ние живееме со катастрофалните последици од пандемијата, сиромашните и ранливите поединци и општества, се разбира, несразмерно повеќе од другите.

Ниту една земја не може сама да ја запре оваа пандемија. Потребно е да соработуваме, да се поддржуваме едни со други и да запомниме дека Ковид-19 не е под контрола никаде се додека не е под контрола секаде. Северна Македонија ги поддржува заедничките глобални цели кои беа презентирани денес од страна на Претседателот на САД, Џо Бајден, и ги смета истите за клучни за да се запре оваа закана.

Вакцинацијата ширум светот, без одлагање, е од клучно значење. Додека јас зборувам, 55% од населението во Северна Македонија веќе е вакцинирано со барем една доза. Оттука, апсолутно сме сигурни и даваме ветување за целосно вакцинирање на најмалку 70% од населението до крајот на оваа година. Меѓутоа, за да ја достигнеме оваа цел на глобално ниво што е можно поскоро, сите ние треба да се бориме против системските неправди со фер, инклузивна и правична распределба на ефикасни вакцини. А, во исто време, треба да се бориме со деструктивните ефекти од лажните вести и кампањите за дезинформација со ширење на вистина и транспарентност.

Вакцинацијата сама по себе не е доволна. За да го излечиме светот, мораме да поставиме основи на поотпорен, интегриран, праведен и инклузивен глобален здравствен систем кој ќе ни помогне да спречиме, откриеме, реагираме и закрепнеме од какви било идни пандемии или други глобални здравствени закани.

Само со тоа што ќе се издигнеме повторно и ќе се вратиме назад подобри ќе осигураме дека никој не е запоставен.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....

Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен: Австрија е докажан пријател на регионот

Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен: Австрија е докажан пријател на регионот

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен на Република Северна Македонија, претседателите Пендаровски и Ван дер Белен одржаа заедничка прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на...

Церемонија со највисоки државни и воени почести – претседателот Пендаровски го пречека сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен

Церемонија со највисоки државни и воени почести – претседателот Пендаровски го пречека сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој во придружба на неговата сопруга, Дорис Шмидауер, престојува во официјална посета на...