Проштална средба на претседателот Пендаровски со грчкиот амбасадор Јанакакис

11 декември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Република Грција, Димитрис Јанакакис.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, како и за потенцијалите и можностите за нивно продлабочување по потпишувањето на Договорот од Преспа.

Република Северна Македонија, рече претседателот Пендаровски на средбата, е посветена на натамошнен развој на билатералните односи со Република Грција во сите сфери од заемен интерес, вклучувајќи ја економската соработка и трговската размена, инфраструктурното поврзување, туризмот, образовната и културна соработка, во функција на градење на добрососедство, засновано на меѓусебна доверба и разбирање.

Според претседателот Пендаровски, двете земји со постигнувањето на Договорот од Преспа, покрај перспективите за развој на билатералната соработка, дадоа влог и за севкупната стабилност и безбедност во регионот.

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека по членството на Северна Македонија во НАТО, ќе продолжи поддршката од Грција во однос на аспирациите на земјата за членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупниот дипломатски ангажман на амбасадорот Јанакакис, како прв амбасадор на Република Грција во Република Северна Македонија и претходно како шеф на грчката канцеларија за врски во Скопје и му посака успех во идните ангажмани.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на САД по повод учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера попладне во Чикаго, како почесен гостин, присуствуваше и се обрати на донаторска вечера „Патишта кон просперитет“ во...

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски му го врачи одликувањето на генералниот...

Активности на г-а Елизабета Ѓоргиевска во рамки на учеството на претседателот на 78. Генерално Собрание на ОН

Активности на г-а Елизабета Ѓоргиевска во рамки на учеството на претседателот на 78. Генерално Собрание на ОН

Сопругата на претседателот г-а Елизабета Ѓоргиевска, која престојуваше во Њујорк во придружба на претседателот при неговото учество на 78. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, оствари повеќе средби и активности. Г-а Ѓоргиевска оствари средба со Диен...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Гласот на Америка

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Гласот на Америка

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, изјави дека од Русија зависи дали ќе има примирје во Украина. Тој посочи дека руската делегација се оглушува на сите барања на цивилизираниот и демократскиот свет.  ...

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O'Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции...