Сиљановска-Давкова денеска разговараше со претставници на „Habitat for Humanity International“ и на „Хабитат Македонија“

8 октомври 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска разговараше со  претставници од САД на глобалната мрежа „Habitat for Humanity International“, како и со националниот директор на „Хабитат Македонија“, Зоран Костов  и со претседателот  на Управниот одбор, Драган Малиновски.

Таа, најпрво им ја честиташе дваесетгодишнината од основањето, посакувајќи им понатамошен успех во реализацијата на благородната идеја за градење свет во којшто секој ќе може да го оствари правото на пристојно живеење.

За неа, импресивна и инспиративна е нивната несебична заложба и неуморна работа насочена кон подигање на квалитетот на домувањето на сиромашните луѓе, неможна без волонтирање, застапување и подигање на јавната свест за поголема  солидарност во развојот на заедницата.

„Ние, како и многу други држави мора да вложиме особен напор во унапредувањето на квалитетот на живеењето, секаде и за сите, ставајќи крај на супстандардните услови во некои средини, недостојни за живот“, смета претседателката.

Претставниците на „Habitat for Humanity International“, со љубов и страст зборуваа за своите ангажмани во справувањето со енергетската сиромаштија и гарантирањето стандарди во нејзиното користење ширум светот, потенцирајќи дека се трогнати од добрината, благодарноста и активноста на македонските граѓани. Тие ја истакнаа незаменливата улога на невладините организации, како кредибилни партнери на овој план и укажаа на неопходноста од постојана и интензивна владино-невладина соработка во функција на остварување подобри резултати.

Македонските претставници ја презентираа својата досегашна работа, насочена кон овозможување инклузивен и одржлив развој на сиромашните средини, како ромските, но и други, со финансиска помош на ЕУ.

Тие ги посочија активните проекти во повеќе од 30 општини, како и пионерските партнерства со институциите за микрофинанисирање.

Соговорниците се согласија за нужноста од стратешки пристап кон домувањето за да се намали, па и спречи егзодусот на најквалификуваниот кадар, како неспорен и докажан промотор на иновации и главен носител на развојот во сите средини.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак...

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Рита Колумбиа, постојана координаторка на Обединетите Нации

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Рита Колумбиа, постојана координаторка на Обединетите Нации

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Рита Колумбиа, постојана координаторка на Обединетите Нации во земјава. На средбата се разговараше за плановите на Обединетите Нации, врзани за реализацијата на...

Сиљановска-Давкова разговараше со претставнички на Women in Tech-Macedonia

Сиљановска-Давкова разговараше со претставнички на Women in Tech-Macedonia

Денеска, на Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставнички на Women in Tech-Macedonia, организација којашто е дел од глобалната иницијатива Women in Tech, a која поттикнува инклузија, разновидност и...

Сиљановска-Давкова го прими австрискиот амбасадор, Мартин Памер

Сиљановска-Давкова го прими австрискиот амбасадор, Мартин Памер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер, на којашто разговараа за културната дипломатија и можностите за промоција на македонската уметност пред австриската јавност. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Претседателката се заблагодари за гостопримството и за можноста...