Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими извршниот директор на бордот на Хјундаи Мотор Груп, Еуисун Чунг.
На средбата со претставниците од Хјундаи Мотор Груп, беа разменети мислења околу можностите за инвестирање во македонската економија. Претседателот Пендаровски посочи дека нашиот бизнис модел за привлекување на странски инвестиции има компаративни предности, а македонската економија би одела во нагорна линија со инвеститори од овој формат, ако се има превид дека Хјундаи е еден од водечките глобални брендови.