Сопругата на претседателот, Ѓоргиевска, во предновогодишна посета на ОУРЦ „Иднина“ , Дневниот Центар „Дуа Илберин“ и „СОС Детско село“

23 декември 2023 | Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, во пресрет на Новогодишните празници, денеска ги посети Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Здружението за деца со попречености со Дневниот Центар “Дуа Илберин“ и СОС Детско село, Скопје.

Во ОУРЦ „Иднина“ г-ѓа Ѓоргиевска ги посети кабинетите во коишто се одржува воспитно-образовната настава и индивидуална поддршка на учениците со попреченост, а присуствуваше и на новогодишна работилница. Во разговорот со директорката Лорета Андреевска, сопругата на претседателот беше информирана за актуелните проекти, за опсегот на работа и расположливите капацитети, како и за предизвиците со коишто се соочуваат во реализирањето на активностите.
Во Дневниот центар „Дуа Илберин“, Ѓоргиевска ги посети децата на предучилишна возраст, кабинетите за групна и за индивидуална терапија. Директорките, Мевлуде Тачи и Едлира Дестани ја запознаа со мултидисциплинарниот пристап и главните заложби на Дневниот Центар, каде што низ креативни едукации се овозможува поддршка и социјализација на лицата со попреченост.
За време на престојот во „СОС Детско Село“, имаше можност да ги посети згрижувачките семејства и да поразговара со дел од децата што живеат таму до нивната 14 годишна возраст, како и со СОС згрижувачите. Директорката Јулиана Гапо се осврна на приоритетите на меѓународната невладина организација, фокусирани на поддршка на децата без родители и родителска грижа.
Во рамки на денешните посети на ОУРЦ „Иднина“, на Дневниот центар „Дуа Илберин“ и на СОС Детско село, сопругата на претседателот изрази благодарност до сите инволвирани институции, организации и партнери, особено наставниот и стручен кадар, за нивната хумана посветеност во воспитно-образовната дејност, социјалната заштита и примената на детските права.
За време на дружбата со децата, пак, подарувајќи им новогодишни пакетчиња, им посака пријатни празнични мигови, добро здравје, лични успеси на секое поле и остварување на сите нивни желби и интереси.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Заедничка иницијатива за климатска акција  – искуства од  28. Самит за климатски промени

Заедничка иницијатива за климатска акција – искуства од 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети лабораторијата за мерење на квалитетот на воздухот во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и учествуваше во дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција  - искуства од  28. Самит за климатски...

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Жарко Димитриоски, претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи во Стопанската комора на Северна Македонија, Тим-40. Димитриоски го запозна претседателот Пендаровски со активностите на нивната асоцијација, како и...

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за  лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Кабинетот на претседателот, во рамки на Отворен кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Мирче Ацев“ и лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Претседателот Стево Пендаровски денеска во книжарницата „Сакам книги“ оствари средба со писателката Оља Петрушевска Томева. Истакнувајќи дека речиси и да нема сличност меѓу пишувањето и нејзината примарна професија...

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, изразувајќи...