Консултативна средба за изработка на Рамката за развој МКД2030, во однос на животната средина

14 јануари 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа консултативна средба со претставници на граѓански организации, професори и експерти од областа на животната средина, на која беа претставени нивните размислувања и предлози во однос на приоритетите во Рамката за развој МКД2030.

Претседателот Пендаровски порача дека државата е должна да обезбеди услови за остварување на правото на граѓаните за здрава животна средина и оттаму меѓу клучните теми во МКД2030 се животната средина и одржливиот развој.

Според претседателот Пендаровски, сега е вистинското време за да ги преосмислиме постулатите за нашиот економски, социјален, човечки раст и развој и да изградиме долгорочна визија и конкретен план за тоа каде сакаме да бидеме за 10, 20 или 30 години.

Кога зборуваме за животната средина и одржливиот развој, рече претседателот Пендаровски, се отвораат повеќе прашања: од загаденоста на воздухот, водата и почвата, до управувањето и еколошката преработка на отпад, правилно управување со природните ресурси, инвестирањето во заштитените подрачја, воспоставување и одржување еколошки стандарди во индустријата, зачувување на биодиверзитетот.

Исто така, според претседателот Пендаровски, не смееме да заборавиме дека аграрните политики кои ги развиваме како држава директно влијаат на животната средина и одржливиот развој. Во таа насока, според претседателот Пендаровски, и инвестирањето во одржливи системи за производство на храна и земјоделски практики кои ја зголемуваат продуктивноста, влијаат за подобра животна средина.

„На неодамнешниот Самит COP 26 во Глазгов, како држава преземавме одговорност за климатска акција и намалување на емисиите на стакленички гасови. Веќе денес треба да размислуваме и за сигурен, ефикасен, еколошки и конкурентен енергетски систем што е способен да го поддржи одржливиот економски раст на земјата, но, и генерално, за нови модели на економскиот развој“, рече претседателот Пендаровски.

На консултативната средба претседателот Пендаровски истакна дека преку заедничка работа ќе можат да се утврдат приоритети во оваа област, препораките каде треба да бидат насочени инвестициите во ресурси и човечки капитал, како и интервенциите во законските и подзаконските акти.

„Длабоко сум уверен дека Рамката за развој МКД2030 ќе ја постигне целта доколку успееме преку неа да ја подигнеме свеста за одредени прашања во државата и да покренеме процес на мобилизација на ресурси со кои ќе се насочат инвестициите во приоритетните области утврдени со широк општествен консензус, а, со крајна цел, прогрес и подобар живот за граѓаните“, рече претседателот Пендаровски.

Рамката за развој МКД2030 е стратешки документ што се изработува под покровителство на претседателот Пендаровски и ги утврдува приоритетите за развој и областите во кои треба да се фокусира државата со цел напредок и подобар живот на граѓаните во следнава деценија.

Консултативната средба беше организирана од Институтот за комуникациски студии, како дел од кампањата Разбистри сè.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...