Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и во манастирот „Св. Прохор Пчински“

1 август 2024 | Соопштенија

По повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, под покровителство на претседатeлката Гордана Сиљановска Давкова, утре – 2 август 2024 година, петок, предвидени се следните активности:

Во Пелинце, со почеток во 10:00 часот, претседателката Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ, ќе има обраќање и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”.

Акредитираните медиумски екипи е задолжително да бидат во Пелинце најдоцна до 08:30 часот.

Во манастирот „Св. Прохор Пчински“, со почеток во 12:00 часот, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ.

Во манастирот „Прохор Пчински“, претседателката Сиљановска Давкова ќе биде пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Двајцата претседатели ќе остварат билатерална средба, по што се предвидени изјави за медиумите.

Во состав на државно-црковната делегација која ја предводи претседателката Сиљановска Давкова на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Република Србија, Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и Митрополит Кумановско-осоговски Григориј.

 Положување цвеќе од страна на делегации од Кабинетот на претседателот

  • Во Скопје, делегација од Кабинетот на претседателот, ќе положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена-борец“, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието и пред споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштад „Македонија“.
  • Во Крушево, делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, пред споменикот на хероите на месноста „Слива“ и на Мечкин Камен.
  • Во Смилево, делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи свежо цвеќе на Могилата на Даме Груев, пред споменикот на смилевските илинденци и на спомен-плочата на партизанскиот одред „Даме Груев“.

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи

Во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи. Таа оддаде почит кон жртвите и положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144...

Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на Холокаустот на македонските Евреи, што ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“. Сиљановска-Давкова ќе...

Обраќање на Сиљановска-Давкова на собраниската седница „ Правата и можностите на жените – достигнувања и перспективи“

Обраќање на Сиљановска-Давкова на собраниската седница „ Правата и можностите на жените – достигнувања и перспективи“

  По повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, денеска во Собранието се одржа седница на тема „Правата и можностите на жените – достигнувања и перспективи“. Покрај претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на седницата се обратија и: Африм Гаши, претседател на...

Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на фондацијата „Мармара“, Акан Сувер

Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на фондацијата „Мармара“, Акан Сувер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Акан Сувер, претседател на фондацијата „Мармара“. На средбата се разговараше за улогата на фондацијата во поттикнувањето на меѓународната соработка и регионалниот дијалог, како и за можностите за...

Сиљановска-Давкова по средбата со Руте: Најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е негова итна и целосна интеграција во ЕУ

Сиљановска-Давкова по средбата со Руте: Најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е негова итна и целосна интеграција во ЕУ

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој престојува во прва официјална посета. Сиљановска-Давкова и Руте одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше...