Средба на претседателот Пендаровски со ученици, добитници на медали на 29-тата Балканска олимпијада по информатика

26 октомври 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими тимот ученици коишто постигнаа значајни успеси на 29-тата Балканска олимпијада по информатика што се одржа во Букурешт, Романија.

На олимпијадата учествуваа информатичари кои се издвоиле како најдобри на годишните национални натпревари во програмирање реализирани во 12 балкански држави. Во неофицијална конкуренција, пак, како претставници на земји гости, учествуваа и ученици од Италија, Унгарија, Украина и Швајцарија.

Во оваа исклучително сериозна конкуренција составена од 42 талентирани средношколци, сребрениот медал го освои Благојче Павлески од Прилеп, додека пак бронзениот медал му припадна на Тео Китановски од Скопје. Во рамки на балканската олимпијада, на паралелно организираниот РМИ интернационален турнир, меѓу 168 натпреварувачи од 16 држави, Благојче Павлески се закити со златен медал, а Тео Китановски со бронзен.

Учениците го запознаа претседателот Пендаровски со нивните импресии од годинашната олимпијада, споделувајќи ги стекнатите искуства произлезени од комуникацијата со другите натпреварувачи во Романија.

Упатувајќи честитки до информатичарите, претседателот Пендаровски нагласи дека нивниот индивидуален и тимски успех е гордост за целата држава, но и поттик за сите млади луѓе да го следат својот сон и да се стремат кон слични подвизи. Во тој контекст ја нагласи важноста на ваквите меѓународни натпревари, коишто се одлична можност да се промовира квалитетот и исклучителната посветеност на младите од Република Северна Македонија.

БОИ 2022 се одржа во организација на  Здружението за извонредност и изведба во информатиката и Министерството за образование на Романија. Учеството на македонските информатичари на годинашната олимпијада беше логистички поддржано од страна на Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28 која се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, денеска се обрати на Сегментот на високо ниво на Светскиот самит за климатски активности....

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, за време на неговото учество на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28, оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо. ...

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи оствари кратки средби со британскиот крал Чарлс Трети, со кралот на Јордан Абдула Втори, со претседателката на Република Словенија Наташа...

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, денеска прими делегација предводена од заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија, Јоичи Фуказава, којашто престојува во земјава по повод учеството на Министерски совет на ОБСЕ. [gallery...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности, што се одржува во рамки на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28. [gallery...