Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на ИНТЕРПОЛ и Генерален инспектор во Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, генерал-мајор Ахмед Насер Ал-Раиси.
На средбата се разговараше за соработката на нашата држава со ИНТЕРПОЛ, која годинава одбележува 30 години од членството во организацијата.
Претседателот Пендаровски изрази поддршка за натамошно продлабочување на соработката со организацијата, во функција на глобалната безбедност и изрази уверување дека нашата држава ќе продолжи да дава придонес во меѓународната полициска соработка.
Претседателот на ИНТЕРПОЛ Ал-Раиси го информираше претседателот Пендаровски за клучните аспекти од 50. Европска регионална конференција на организацијата, што се одржа од 8 до 10 мај во Охрид.
На средбата беа разменети мислења за севкупниот развој на билатералните односи со Обединетите Арапски Емирати.