Интервју на претседателот Стево Пендаровски за грчкиот весник „Етнос“

10 јули 2022 | Интервјуа

Претседателот Пендаровски за Етнос: грчко – турските односи се барометар и за Балканот – Што вели за застојот во однос на Договорот од Преспа?

  1. Минатата недела учествувавте на Самитот на НАТО во Мадрид. Како гледате на рамнотежата која се оформува на меѓународно ниво, имајќи ја предвид војната во Украина?

Војната во Украина целосно ја диктираше агендата на Самитот.  Во суштина, две клучни одлуки на Самитот беа предизвикани од руската инвазија на Украина: прво, новиот стратешки концепт на НАТО каде Русија се дефинира како најголемата безбедносна закана за Алијансата и второ, поканата за Шведска и Финска да се приклучат кон организацијата.  Во кратки црти:  Руската војна во Украина целосно го измени геополитичкиот пејзаж на континентот.

  1. Дали се плашите од понатамошни руски пробиви на Балканот? И што би значело тоа за целокупниот балкански регион?

Русија ги продуцира најсериозните хибридни закани за Балканскиот регион, вклучувајќи ја политичката пропаганда и кампањите за дезинформирање. Конкретно, во Северна Македонија, сложеноста и интензитетот на хибридните закани се слични на оние од 2018 година за време на референдумот за прашањето за името.  Немам информации за останатите земји од Западниот Балкан, но неколку слаби точки на регионот се добро познати и Москва секако ќе направи обид за подлабок пробив таму.

  1. Поминаа три години од потпишувањето на Преспанскиот договор, а сепак нема напредок во однос на повеќе прашања; на пример, нема промени во учебниците, состанокот на Високиот совет помеѓу двете земји не е одржан, а не е постигнато ниту конкретно решение во врска со трговските заштитени имиња. Што според Вас е причината за ваквиот застој? Дали некој би имал корист од застојот?

Всушност, главниот дел од Договорот од Преспа е веќе спроведен, но се согласувам дека сериозни држави и одговорни политичари од секоја страна треба да се држат до обврските наведени во документот.  Во име на мојата држава, можам да ви кажам дека членовите на двете комисии воспоставени со Преспа се подготвени да учествуваат и веќе учествуваа на сите состаноци кои беа мешусебно договорени од двете страни.

Се согласувам дека динамиката на работата на комисијата треба да се интензивира но, зборувајќи за мотивите на другата страна, моја препоставка е дека истите се сврзани со внатрешнополитичката динамика во Грција.

  1. За кои прашања би сакале грчката страна на реагира побргу? Дали сте загрижени што Киријакос Мицотакис се уште не ги доставил трите меморандуми на гласање во Парламентот?

Се надевам дека наскоро трите меморандуми ќе бидат ретификувани од страна на грчкиот парламент, со што ќе се олесни патот за спроведување на многу повеќе билатерални договори.  Сите тие документи се важни со цел да се зајакне правната основа за наша соработка, на страна од политичката, која во многу нешта се подобри изминативе неколку години.

  1. Освен застоите, сепак постои и напредок по однос на повеќе прашања во рамките на Договорот. Кое е вашето видување за позитивната агенда?

Нашето најголемо достигнување е членството во НАТО како директна последица од Договорот од Преспа.  Како позитивно треба да се истакне дека во мојата земја, многу луѓе сфатија деја промената на името не значеше подривање на нашиот национален идентитет, што беше наша најголема причина за загриженост во текот на повеќегодишните преговори.  Дополнително, договорот отвори нови можности за економска и трговска размена и странски директни инвестиции во двата правци.  Гасоводот во Александропули е само последен во низата примери за заеднички потфати кои се очекува да донесат заеднички придобивки за двете земји.

  1. Како гледате на односите помеѓу двете општества денес? Дали во Северна Македонија се уште постои спротивставување во однос на Договорот?

Спротивставување се уште има, но не во оној обем и силина споредено со периодот на уставните измени.  Очекувам, како што ќе поминува времето, се’ повеќе луѓе да сфатат дека договорот во суштина означи стратешко отворање за двете држави.  Претпоставувам дека во однос на оспорувањето на Договорот, состојбата е многу слична и во вашата земја.

  1. Патот до европскиот сон се покаќа како долг за Северна Македонија. Кое е Вашето мислење за компромисниот предлог на Франција во врска со спорот со Бугарија?

Јас веќе го нареков еден вид на транзициски компромис со една вродена блокада на патот.  Имено, ние ќе ги почнеме преговорите, и тоа е најголемата придобивка од изменетиот француски предлог – почнување на преговорите по 17 години чекање.  Сепак, по процесот на скрининг, постои еден предуслов за продолжување со преговорите, а тоа е измена на Уставот со цел во него да се внесат Бугарите.  Имајќи ја предвид нашата длабока политичка поларизација, мали се шансите кој било политички субјект да биде во можност да прибави двотретинско парламентарно мнозинство какво што е потребно за поддршка на измените.

  1. Кое е Вашето видување за грчко – турските односи?

Двете држави се блиски сојузници во рамките на НАТО, а ние имаме блиски историски врски со секоја од нив.  Урамнотежени и предвидливи односи помеѓу Грција и Турција се од клучно значење за стабилноста на Балканот, Средоземјето и Блискиот Исток, но и за општата поставеност на Алијансата.  Како членка на НАТО, Северна Македонија придонесува кон подобро разбирање помеѓу сите сојузници, вклучително и Грција и Турција.

  1. Дали сте оптимист во однос на втор мандат како Претседател на Северна Македонија?

Од првиот ден, мојот фокус беше секогаш насочен кон навигација низ бурните води на домашната и меѓународната политика, во име на мојата држава и најдобро што можам.  На тој пат, само едно нешто ми е вистински важно – мислењето и поддршката на моите сограѓани.  За време на целата моја кариера, никогаш не сум разгледувал какви било идни потези без притоа да ја имам поддршката од мојот народ.

  1. Нешто лично. Каков е Вашиот однос со Грција? Патувате ли во Грција? Имате ли пријатели овде? Со кого во Грција имавте најчесто контакти изминативе години? 

Првпат ја посетив Грција во 1976 година, на одмор со моите родители.  Оттогаш, многупати сум ја посетил како турист, како дел од државни делегации и како експерт при учество на меѓународни конференции.  Сепак, местото кое најмногу ми лежи на срце е островот Тасос, каде имам запознаено многу пријатели.  Со оглед на моите тековни обврски, би било убаво ако успеам да најдам време повторно да одам таму во блиска иднина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ што се одржа во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а по повод...

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28 која се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, денеска се обрати на Сегментот на високо ниво на Светскиот самит за климатски активности....

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, за време на неговото учество на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28, оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо. ...

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи оствари кратки средби со британскиот крал Чарлс Трети, со кралот на Јордан Абдула Втори, со претседателката на Република Словенија Наташа...

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, денеска прими делегација предводена од заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија, Јоичи Фуказава, којашто престојува во земјава по повод учеството на Министерски совет на ОБСЕ. [gallery...