Актуелните политички случувања во земјава, политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата, европските перспективи на Северна Македонија, односите со Бугарија и можностите за деболокада на бугарското вето со цел почеток на пристапните преговори со Европската Унија, беа дел од темите на кои говореше претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
„Ние мораме да имаме некаква гаранција од Бугарија, уште подобро и од Брисел и целата Европска Унија, дека прашањето за вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, ќе биде последното барање на Софија“, истакна претседателот Пендаровски, додавајќи дека до овој момент нема таков позитивен сигнал од бугарска страна.