Во интервју за телевизија Сител, претседателот Стево Пендаровски зборуваше за исходот од Самитот на НАТО, што се одржа во Мадрид, за главните теми за кои дискутираа сојузниците, војната во Украина, упатените покани до Шведска и Финска за членство во Алијансата и постигнатиот Меморандум за разбирање, како и за позицијата на Северна Македонија.
Воедно претседателот Пендаровски во интервјуто зборува за процесот на проширување и за односите со Бугарија и даде коментар за модификуваниот предлог од страна на француското претседателство за надминување на блокадата на Северна Македонија во однос на евороинтеграцискиот процес.