Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот ирански амбасадор, Али Реза Ирваш

23 јануари 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Али Реза Ирваш, новоименуван амбасадор на Исламска Република Иран во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски оцени дека именувањето на амбасадорот Ирваш претставува потврда за посветеноста на Исламската Република Иран кон развивањето на односите со Република Северна Македонија,

„Искрено верувам дека нашите две земји располагаат со потенцијали за соработка во повеќе области и се надевам дека во претстојниот период истите ќе бидат соодветно искористени“, рече претседателот Пендаровски.

Амбасадорот Ирваш, од својата страна, оцени дека уште од независноста на Република Северна Македонија, двете држави се обидуваат да ги унапредат билатералните односи во различни области, врз основа на заемно почитување и споделување на заедничките интереси.

„Постојните потенцијали на двете земји, кои уживаат важни позиции на Балканот и во регионот на Персискиот залив и Блискиот Исток, даваат добра основа за продлабочување на нашата соработка“, рече новоименуваниот ирански амбасадор.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Ирваш му посака успешно извршување на одговорната функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска во селото Требош, Општина Желино ја посети компанијата „Везе шари“. За време на посетата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на компанијата, која...

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски. Почитувани медиуми, Почитувани граѓани, Благодарам за вашето присуство. Повод за...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во...

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Кабинетот на претседателот, денеска го посетија претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на панел дискусија посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАБРМ.   [gallery...