Select Page

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Асоцијацијата ИВАП

23 ноември 2020 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Асоцијацијата на ивент индустрија – ИВАП, во која членуваат 39 компании вклучени во организација на настани, изнајмување на опрема за настани, видео-аудио продукција и техничка поддршка на настани.

На средбата претставниците на асоцијацијата ги претставија предизвиците со коишто се соочуваат во нивната работа и драстичниот пад на приходите по почетокот на пандемијата од Ковид-19.

Претставниците на асоцијацијата на средбата укажаа и на административните пречки со коишто како дејност се соочуваат при остварувањето на своите права и користењето на мерките понудени од Владата.

Претседателот Пендаровски ги поддржа напорите на Асоцијацијата ИВАП за изнаоѓање на начини за надминување на предизвиците низ кои поминуваат компаниите што се занимаваат со оваа дејност и изрази очекување институциите соодветно да одговорат на нивните барања, со цел ублажување на негативните последици во нивната работа поради пандемијата од Ковид-19.

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за државната агенција МИА

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за државната агенција МИА

На овие простори пописот се врзува за политичка операција, затоа што се уште правата на луѓето се гледаат пред се низ националната призма. Затоа, ни требаат конкретни изјави дека и по смена на власта никој нема намера да го менува Уставот и да ги одзема правата,...

Средба со медицинскиот тим упатен во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Средба со медицинскиот тим упатен во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, од март до септември годинава и ќе работи во рамки на норвешката болница во Кабул....

Средба на претседателот Пендаровски со поглаварот на ИВЗ, Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи

Средба на претседателот Пендаровски со поглаварот на ИВЗ, Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи. Честитајќи му го изборот за поглавар на ИВЗ, претседателот Пендаровски му посака успех во...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот грчки амбасадор, Русос Кундурос

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот грчки амбасадор, Русос Кундурос

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Н.Е. г. Русос Кундурос. На церемонијата, претседателот Пендаровски рече дека односите...

Pin It on Pinterest