Изјава на претседателот Пендаровски за време на официјалната посета на Хеленската Република

5 октомври 2021 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, за време на официјалната посета на Хеленската Република, денеска во Атина одржа прес-конференција за претставниците на македонските медиуми, коишто ја проследуваат посетата.

По средбите со претседателката на Хеленската Република, Катерина Сакеларопулу и со премиерот Киријакос Мицотакис, претседателот Пендаровски истакна дека најважно е што двете највисоки политички инстанци во Република Грција потврдиле дека Преспанскиот договор важи, ќе се почитуваа и дека има политичка волја за негова целосна имплементација. Во тој контекст, претседателот Пендаровски го повтори ставот дека договорите мора да се чуваат, заштитуваат и имплементираат и дека тоа е главниот индикатор за сериозноста на страните кои ги потпишуваат и се обврзуваат на нив.

„Ние сме апсолутно сериозни во тој дел, имаме јасна политичка намера да го имплементираме сето она што е внатре напишано и во таа смисла замолив од грчка страна поголема ажурност во однос на неколку елементи, компоненти на Преспанскиот договор, кои пред се, поради Ковид-19 се најдоа во своевиден „стенд-бај“, изјави претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски потврди дека по извесна стагнација, Комисијата за трговски брендови и Комисијата за образовни, историски и археолошки прашања, ќе продолжат да работат и дека постои најава за нивна следна средба, независно од предизборниот период во Република Северна Македонија. Во таа насока, претседателот Пендаровски додаде дека Комисијата за археолошки, историски и образовни прашања, уште пред почетокот на пандемијата има постигнато значаен напредок и дека усвоила и усогласила четири записници.

Во однос на средбата со премиерот Мицотакис, претседателот Пендаровски изјави дека побарал помош и поддршка за деблокада на македонските евроинтеграции на престојниот Самит Европска Унија – Западен Балкан, посочувајќи дека Преспанскиот договор претставува и договор за воспоставување на стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Република Грција.

„Очекуваме од него поддршка и помош во однос на оние претставници од земјите-членки кои уште се скептични, во прв ред Бугарија, а се разбира и со другите кои евентуално би можеле да имаат некакви забелешки за втората држава која знаете дека досега неформално е третирана во пакет со нас, тоа е Република Албанија“, изјави претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски додаде дека на средбите со грчкиот државен врв изразил благодарност за донацијата на 20.000 вакцини, како и за помошта во справување со пожарите на територијата на општина Гевгелија.

„Практично покажавме како функционира европската солидарност и како треба да функционира и понатаму, независно каде постојат проблеми од таков тип“, изјави претседателот Пендаровски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението на новинари на Македонија, како и претставници на неколку меѓународни новинарски и медиумски организации. На средбата се разговараше за прашања поврзани со слободата на изразување и независноста...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Ангола во Република Северна Македонија со седиште во Будимпешта, Жозе Филипе. На церемонијата на предавање на...

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...