Изјава на претседателката Сиљановска-Давкова по обраќањето на НАТО Самитот во Хаг

25 јуни 2025 | Интервјуа

Во тек сте со Самитот, претпоставувам. Мислам дека ќе остане запаметен по единството. Ќе остане запаметен по решеноста заедно да тргнеме кон мирен период, бидејќи сите истакнуваат денеска дека можеби она што е најважно, што по долго исчекување на примирје, на отворање на процес на преговори, како да сведочиме на еден таков чин.

Се разбира јас ги изнесов нашите позиции. Истакнав дека иако сме мала држава се однесуваме како кредибилен партнер на НАТО за разлика од многу други, два проценти ние издвојувавме. Се разбира дека донесена е одлуката за зголемување. Се разбира, јас потенцирав дека тоа може да биде само градуелно и дека ние остануваме посветени на обврската, но дека исто така мора да се внимава на финансиската моќ на државата. Неколкупати потенцирав дека повеќе би сакала, се разбира, да издвојуваме за наука и за образование, меѓутоа има моменти кога заради консензусот, заради решеноста, кога сте во едно друштво со кое делите исти принципи и вредности, мора да ги почитувате и заедничките одлуки.

Што се однесува до мирот, се разбира, јас не првпат потенцирав дека верувам во збогум оружје и во насушната потреба од траен мир. Посочив на кои важни прашања, еве во мојот говор, не знам колку се сеќавате, меѓутоа утре на 26-ти се одбележуваат 80 години од Обединетите Нации. Тие беа не само антиколонијален туку и мировен проект, ама соочени сме со војна. Тие немаат активна улога, тоа е едното. Исто така, не знам дали знаете на 26-ти е чувената изјава на Џон Кенеди во Берлин, дека се чувствува како Берлинец. Реков дека и ние чувствуваме сега, дека и господинот Трамп и НАТО и сите членки, дека имаме една заедничка цел, но и предупредив дека на 26-ти почна, да потсетам, војната во бивша Југославија во 90-те години и дека тоа е едно предупредување за важноста на Западниот Балкан, како интегриран во Европската Унија. Се разбира повикав на деблокирање на нашиот процес, повторно со напомена или со предупредување, дека не се работи само за начелото на проширување и на политиката на проширување како важна, со која ќе се круниса ноторниот факт дека ние низ историјата сме биле не само географски, туку и историски и културно дел од Европа, туку во прашање е безбедноста на регионот, а преку безбедноста на регионот и безбедноста на Европската Унија и на Европа да се има предвид. Мислам дека пораките беа примени, од реакциите се разбира. Сега останува да видиме што ќе се случува.

Остварив, исто така, средби со неколку колеги, со Естонија, Финска, Чешка. Со Словачка веќе е потврдено доаѓањето, бидејќи беше одложено на претседателот. Набрзо ќе имаат државна посета кај нас. Имав разговори и со други државници. Морам да кажам дека на масата на којашто седев, на втората маса, друштвото беше многу интересно. Седеше со мене премиерката на Данска, седеше со мене сопругата на господинот Макрон, господинот Зеленски, исто така, новиот премиер на Канада. Мислам дека разговорите што ги водевме беа плодни, пријателски, со разбирање. Во меѓувреме, во лобито имав разговори и со многу други претседатели. Разговаравме за деблокирањето на нашите преговори во Европската Унија. Јас мислам дека не е добро после она што се случи, не е добро да се однесуваме триумфалистички, дека треба да ги мериме зборовите, дека треба да се охрабруваме меѓусебе. Имав протоколарна средба со премиерот на Бугарија. Мислам дека е во прашање џентлмен, многу пристоен политичар, спремен за разговори, за дијалог, а тоа е нам што ни треба. Мојата основна порака е дека можеби наместо да бараме и да очекуваме посредништво, иако се разбира кога е некој претседател на Европскиот совет, тој има и обврска заради статусот да овозможи разговор, ама, сами да седнеме и да видиме каде сме, каде одиме. Повторив и повторно ќе кажам дека ако основните документи на Европската Унија – Договорот за ЕУ, Лисабонскиот договор и Повелбата за фундаменталните права во своите најважни принципи и вредности ги вбројуваат почитувањето на националниот и културниот идентитет, почитувањето на јазичниот диверзитет, еднаквоста на државите, посветеноста на повелбата на Обединетите Нации, посветеноста на Конвенцијата за правата на човекот и граѓанинот, дека самото тоа покажува дека прашањата за модерен јазик, модерна нација е крајно проблематично, не само научно, туку и политички. Не постојат предмодерни нации, модерни и постмодерни нации. Во уметноста тоа постои. Сите нации настанале во втората половина на XVIII и во XIX век, вклучувајќи ја и нашата нација. Зборот ми е – малку е невообичаено сега да барате да се избрише тоа што е внесено од известителот, господинот Вајц, ако вие сте инсистирале на реактуелизирање на нешто што е ад акта, на разговори за нација, за јазик, за историја. Тоа се прашања кои како вредности и принципи воопшто не треба да бидат на агендата, но ако некој инсистира на нивното ставање на агендата, а тоа се случи, тогаш сигурно дека и оној кој известува ќе се обиде да каже дека не се работи за специфична нација, за специфичен јазик и историја, туку за нешто што важи за сите европски нации бидејќи ЕУ е сојуз на држави, нации, сите имаат ист статус, што значи и ние би требало да го уживаме истиот статус.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото

Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга се обрати на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата. За неа, Струга е град што живее во ритамот на поезијата и место каде што со децении се среќаваат...

Средба на Сиљановска-Давкова со Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“

Средба на Сиљановска-Давкова со Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“

Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во...

Сиљановска-Давкова постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“

Сиљановска-Давкова постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“ денеска постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“, за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка,...

Обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа

Обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на отворањето на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и од Источна Европа, којашто ја организираше Врховниот суд во соработка со CEELI Институтот во рамките на Проектот на ЕУ за...

Изјава за медиуми и одговор на новинарски прашања на настанот „Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и од Источна Европа“

Изјава за медиуми и одговор на новинарски прашања на настанот „Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и од Источна Европа“

Новинарско прашање: Кажете кратко претседателке за настанот, сублимирано вашето обраќање. Претседателката Сиљановска-Давкова: Настанот е извонреден потег. Зошто? Бидејќи навистина во време на пореметена рамнотежа на трите власти, односно во отсуство на спреги и...