Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на изложбата „Уметноста на досадата“ во резиденцијата на амбасадорот на ЕУ во Скопје

19 март 2021 | Обраќања, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на изложбата „Уметноста на досадата“, што од денеска е поставена во резиденцијата на амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, во Скопје.

Станува збор за дела на македонски уметници од различни генерации, инспирирани од наметнатите состојби поврзани со пандемијата на Ковид-19.

Заблагодарувајќи му се на амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, за организацијата на изложбата, претседателот Пендаровски ја оцени како оригинален начин за поддршка и промоција на македонските ликовни уметници.

„Со пандемијата дојде отуѓувањето на еден од друг, стравот, здодевноста, монотонијата, но, во исто време и креативностa, визијата, вештината и волјата за создавање. Токму уметниците со своите идеи и енергија успеваат да ги претворат болката, траурноста и сивилото на нашето секојдневие во прекрасни уметнички дела. Се радувам што на оваа навистина интересна тематска изложба имаме дела од различни генерации македонски уметници кои достојно ја презентираат македонската ликовна сцена и кои сведочат за трајноста на уметноста, наспроти минливоста и често ефемерноста на животот“, рече претседателот Пендаровски.

На изложбата се прикажани дела на македонските уметници: Петар Хаџи-Бошков, Маргарита Киселичка, Сашо Саздовски, Гоце Наневски, Моника Мотеска, Филип Велковски, Јасмина Главинче, Игор Таневски, Давид Атанасоски, Антонио Пиркоски и Александар Ефтимовски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...