Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Државата Израел, Исак Херцог.
Претседателот Херцог, во негово лично име и во име на граѓаните на Државата Израел упати најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово и до граѓаните на Република Северна Македонија.
Воедно, во телефонскиот разговор израелскиот претседател упати честитки до претседателот Пендаровски и до граѓаните на Република Северна Македонија по повод 8 Септември, Денот на независноста, констатирајќи дека Северна Македонија од независноста до денес помина тежок пат.
Како две традиционално пријателски земји, Израел ќе продолжи да ги унапредува билатералните односи и да ја поддржува Република Северна Македонија, посочи претседателот Исак Херцог во телефонскиот разговор.