Во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, претседателот Стево Пендаровски оствари средба со Лиам Кондон, главен извршен директор на компанијата Џонсон Мети.
Претседателот Пендаровски истакна дека Обединетото Кралство претставува еден од најзначајните трговски партнери и странски инвеститори во нашата земја, и го поздрави успешното функционирање на фабриката Џонсон Мети во Северна Македонија, како добар пример за македонско-британските бизнис релации.
Во таа насока беа разменети мислења за плановите за натамошен развој на компанијата во глобални рамки, во кои може да биде вклучена и земјава, како поттик на инвестициите и билатералната економска соработка.