Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод Меѓународниот ден на радиото, беше дел од емисијата „Стадион“ на Канал 77. Тема на дискусијата, покрај радиото како медиум, беше и состојбата во медиумите воопшто и лажните вести. Претседателот Пендаровски зборуваше и за други актуелни теми, односно претстојниот попис, пандемијата на Ковид -19 и вакцините за вирусот, како и за односите со Бугарија.

Делегациja од Кабинетот на Претседателот оддадe почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила
Делегациja од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Валентин Диневски, посебен советник за безбедност, по повод 21-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај...