Честитка од претседателот Пендаровски до христијанските верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

24 декември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото Раѓање – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според грегоријанскиот календар.

Почитувани,

Дозволете да упатам искрени честитки до сите верници кои го празнуваат големиот христијански празник, Христовото Раѓање – Божиќ по грегоријанскиот календар и да ви посакам празничните денови да ги поминете во добро здравје исполнети со љубов, радост и среќа.

Христовото раѓање како празник на светлината, дарувањето и љубовта, на крајот од секоја календарска година им дава смисла и значење на нашите краткотрајни земни животи напојувајќи нѐ со надеж и верба.

Токму на Божиќ со чиста мисла и добра волја да се обединиме правејќи добри дела и споделувајќи љубов и грижа. И покрај сите кризи, искушенија, предизвици, да останеме оптимисти и да шириме позитивна енергија. Да овозможиме Божиќниот дух да се всели во нашите срца, во нашите домови, во нашите соседства, во целата заедница. Сплотени и солидарни да создаваме дела што ќе останат запаметени од идните генерации и ќе ја облагородат сегашноста. Да се почитуваме и помагаме, да даруваме повеќе.

Честит Божиќ!

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...