Претседателот Пендаровски ги посети припадниците на македонскиот контингент во рамки на КФОР во Косово

25 јануари 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Косово, денеска во Пеќ престојуваше во посета на Регионалната Команда – Запад на КФОР, кадешто се сретна со припадниците на македонскиот контингент и оствари средба со командантот на Регионалната Команда – Запад, полковник Франческо Ферара.

На средбата со припадниците на македонскиот контингент во мисијата „КФОР“ кадешто се распоредени 65 припадници на нашата армија се разговараше за нивните обврски и должности во извршувањето на задачите, како и за нивните тековни активности. Претседателот Пендаровски оддаде признание за професионализмот и посветеноста со која нашите војници ги извршуваат поставените барања и задачи и посочи дека тие ја претставуваат честа, професионалноста и моралот на сите припадници на македонската армија. Тој нагласи дека нивната мисија има и додадена вредност, затоа што служат во земја која е наш сосед и пријател и со која не врзуваат длабоки историски, културни и економски врски, при што порача дека нивното присуство во Косово уште повеќе ги продлабочува и јакне тие односи. Претседателот Пендаровски им посака добро здравје и успешно извршување на работните обврски и задачи на припадниците на македонскиот контингент во мисијата „КФОР“.

На средбата со командантот на Регионалната Команда – Запад, полковник Франческо Ферара, претседателот Пендаровски беше информиран за целите и за севкупните активности на оваа команда во поддршка на мирот и безбедноста во Република Косово. Претседателот изрази поддршка за мисијата на КФОР, истакнувајќи ја нејзината важност за стабилноста на Косово и на целиот регион и посочи дека со учеството на 65-те припадници, нашата држава како членка на НАТО дава активен придонес за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска во селото Требош, Општина Желино ја посети компанијата „Везе шари“. За време на посетата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на компанијата, која...

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски. Почитувани медиуми, Почитувани граѓани, Благодарам за вашето присуство. Повод за...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во...

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Кабинетот на претседателот, денеска го посетија претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на панел дискусија посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАБРМ.   [gallery...