Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо

22 јануари 2021 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо.

На средбата се реафирмираше ставот дека билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина се успешни, базирани врз традиционално пријателство и прагматична соработка во сите сфери од взаемен интерес.

Претседателот Пендаровски и кинескиот амбасадор разменија информации и мислења за развој на соработката во областа на економијата и притоа беше нагласена соработката во рамките на „Процесот за соработка 17+1“, чија рамка дава можности за нејзино продлабочување.

На средбата се разменија мислења за моменталните состојби, како во нашата земја, така и во Кина, за справување со пандемијата на Ковид-19, како и за процесот на вакцинација.

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо истакна дека традиционалното пријателство меѓу двете држави е длабоко и дека Кина придава големо значење на развојот на односите со Република Северна Македонија.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност

Обраќање на претседателот Пендаровски на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност

Претседателот Стево Пендаровски вчера попладне во Њујорк се обрати на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност, на тема „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на...

Претседателот Пендаровски во Њујорк на работна средба со потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел и лидерите од регионот

Претседателот Пендаровски во Њујорк на работна средба со потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел и лидерите од регионот

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, вчера попладне присуствуваше на средба којашто за лидерите на земјите од Западен Балкан ја организираше потпретседателот на Европската Комисија и висок...

Претседателот Пендаровски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН

Претседателот Пендаровски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН

Претседателот Стево Пендаровски, кој ја предводи македонската државна делегација на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност, на отворената дебата на тема: „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку...

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори. На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Меѓународната конференција „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“

Обраќање на претседателот Пендаровски на Меѓународната конференција „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“

Претседателот Стево Пендаровски преку видео порака се обрати на учесниците на Меѓународната конференција „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“, во организација на Институтот за Социјална работа и социјална политика, што се одржува од...