Сопругата на претседателот учествуваше во пешачката тура „Кокино – поглед кон бесконечноста“

14 декември 2023 | Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше на пешачката тура „Кокино – поглед кон бесконечноста“ во организација на Министерство за Култура на Република Северна Македонија.

 

Во рамки на настанот на којшто присуствуваа и жени од јавните институции и дипломатската заедница во земјава се посети дел од македонското културно наследство што се наоѓа на територијата на општина Старо Нагоричане при што ја разгледаа црквата „Св. Ѓорги“, едно од најзначајните и највисоки места во историјата на средновековната византиска уметност во нашата држава.

Дел од настанот беше и презентацијата и разгледувањето на древниот локалитет Кокино, една од најстарите опсерватории во светот, а целта на денешниот настан е заеднички да се афирмира значењето на локалитетот Кокино којшто претставува културно наследство со особено археоастрономско и археолошко значење.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска во селото Требош, Општина Желино ја посети компанијата „Везе шари“. За време на посетата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на компанијата, која...

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски. Почитувани медиуми, Почитувани граѓани, Благодарам за вашето присуство. Повод за...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во...

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Кабинетот на претседателот, денеска го посетија претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на панел дискусија посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАБРМ.   [gallery...